КРИЦИТЕ НА ТАТКОТО НЕ СТИВНУВАЛЕ: „Прозбори душичке, тато сака да те слушне!“

„Среќо моја, како ќе живеам без тебе? Прозбори нешто. Прозбори, тато сака да те слушне…“ – Дарко Крсмановиќ без престан вака ја довикувал својата ќерка Елена (8), во вторникот на манастирските гробишта во Раковица, додека ја прегрнувал нејзината слика и ја притискал на градите.Девојчето, кое во неделата настрада откако нејзиниот помал брат случајно ја застрелал со пушка, беше погребано во вторникот во бел сандак. На тажната церемонија присуствувале неколку стотини луѓе. 
ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Четиригодишно дете со пушка си ја застрела сестричката!
Со секое изразување на сочувство од страна на пријателите и блиските, родителите на малечката Елена ги повторувале истите реченици.
„Ќерко наша, љубов наша единствена, како ќе живееме без тебе? Што ќе правиме“ – едвај стоеле на нозе.
Пред да се закопа телото, свештеникот одржал краток говор и дури ниту тој не успеал да ги задржи солзите. Плачеле и вработените на гробиштата. Потоа, на насобраните луѓе им се обратила и учителката на настраданото девојче.
„Ти беше и ќе останеш наша пеперутка, како што сакавме да те викаме. Можеби Бог сакал да добие такво прекрасно суштество во својата небесна градина. Можеби и затоа те земал од нас. Но, знај дека никогаш нема да те заборавиме.“
Веднаш потоа, сандакот бил префрлен кон гробното место, а морничавата тишина ја замениле болни липања.
„Пусто ни е без тебе, среќо наша“ – непрекинато повторувале родителите.
На гробот на осумгодишното девојче биле положени венци, а нејзините најмили со голема мака и помош од пријателите некако успеале да ги напуштат гробиштата по завршувањето на церемонијата.
Малечкиот Филип онеме откако си ја уби сестричкатаДевојчето, кое во неделата настрада откако нејзиниот помал брат случајно ја застрелал со пушка, беше погребано во вторникот во бел сандак. На тажна

Пронајдете не на следниве мрежи: