Хелен Вилијамс (41) од Гровендејл, Австралија криела од својот сопруг Дерик дека има грутка на дојката, а тој од нејзе криел дека има рак на дојката. Тие двајца имаат две деца и прво се загрижиле за нив, а потоа за себе.Кога Хелен забележала дека има грутка на својата дојка, го следела нејзинот развој во следните три месеци. Бидејќи не исчезнувал, отишла на доктор и направила биопсија, а тоа го сокрила од својот сопруг.
Тие се во брак веќе 18 години и имаат два сина, Стивен (11) и Даниел (8).
„Нашиот однос од секогаш беше близок и Дерик секогаш ме поддржуваше во се. Но не сакав да се загрижи без потреба се додека не ги дознаам резултатите. Сепак, додека ги чекав резултатите морав да му кажам. Кога му кажав дека имам грутка на дојката само ме прегрна и ми беше подобро“, раскажува Хелен.
А потоа следел шок- Дерик ја земал нејзината рака и ја ставил на својата града велејќи и дека и тој го има истиот проблем.
„Бев шокирана кога ми рече дека има рак на дојката. Но знаев дека тое не е невозможно, бидејќи и мојот дедо имаше рак на дојка, како и мојата мајка и тетка“, вели Хелен.
Дерк не рзамислувал многу за грутката се додека не пораснала и не станала тврда.
„Не сакав да и кажам пред да бидам сигурен. И таа размислуваше исто како мене. Кога си кажавме се еден на друг, добро се исплакавме“, вели Дерик.
И двајцата веднаш помислиле на децата.
“Им бевме потребни на децата. Како ќе продолжат тие без нас доколку и двајцата имаме рак? Но кога отидов по резултатите дознав дека имам само обична циста. Се чувствував среќно што сум добро, но во исто време чувствував вина, бидејќи мојот сопруг имаше рак. Кога му кажав, почувствува олеснување и рече дека заедно ќе се бориме против неговата болест“, вели таа.
Дерик имал масектомија на левата града бидејќи тоа бил најсигурниот начин.
„Ми беше тешко да поверувам дека направи процедура која најчесто се поврзува со жените. Нашите пријатели беа шокирани што воопшто има рак. Сепак, најважно е што процедурата е успешно извршена и ракот со обем од 4см е изваден од неговата дојка“, вели Хелен.
Со тестови било откриено дека ракот напреднал до 3 стадиум во моментот кога е изваден. Бил многу агресивен и доколку Дерик почекал само уште малку, ќе било фатално по неговиот живот.
По четири дена излегол од болница, а месец дена подоцна почнал со хемотреапија за да се осигура дека ракот нема да се врати повторно.
По година дена терапија, Дерик бил добар. Тестовите не покажувале знаци на рак.
„Сега сум среќна што се е во ред. Дерик и јас станавме дел од „McGrath“ фондацијата и со задоволство зборуваме за своето искуство за да ја подигнеме свеста кај другите луѓе, поготово кога се работи за рак на дојка кај мажите.Кога Хелен забележала дека има грутка на својата дојка, го следела нејзинот развој во следните три месеци. Бидејќи не исчезнувал, отишла на д



