Според последните информации кои доаѓаат во врска со украинската криза, таа држава нема да биде иста пред, и по вооружените демонстрации кои во Киев завршија со насилна промена на власта од страна на тројката Кличко, Јацењук и Тјагнибок, пишува Вечер.По вооружениот преврат, собир на демонстрантите предводен од вооружените групи на Самостојност и Десниот сектор го протераа и сменија претседателот Јанукович, и избраа нова влада и нов вршител на должноста преседател на Украина, во ликот на Олександер Турчинов, блискиот соработник на Јулија Тимошенко.
Настаните потоа, за само неколку дена, предизвикаа реакции кои можеа да се претпостават, а кои, секако, се на штета на украинската држава и граѓаните.
Десниот сектор, недефинирана вооружена група од неколку илјади припадници, почна дерусификација на Украина. Со помош на Владата го укинаа статусот на рускиот како втор службен јазик во Украина, ги уриваа спомениците на Русите, го нападнаа и зазедоа најстариот православен руски манастир од 12 век, ги менуваа имињата на улиците и плоштадите и предизвикаа страв и отпор кај руското, но и кај украинското население во западниот дел на Украина кој има голем број мешани руско-украински бракови, и економски речиси целосно се потпира на рускиот пазар.
Тој страв и вознемиреност кај Русите во Украина, а таму живет околу 10 милиони луѓе од таа етничка зедница, резултираше со демонстрации против новите власти во Киев во големите западноукраински градови Доњецк и Харков, како и во јужниот дел, градовите на стартешкиот полуостов Крим кој има над 60 проценти Руси, и два милиони жители.
Под влијание на ектремистите од Киев, на Крим имаше антируски демонстрации од страна на Татарите, локална муслиманска етничка заедница, која два дена го блокираше парламентот и владата на Автономсната Република Крим.
Москва реагираше брзо. За прв пат од украинската криза се огласија преку премиерот Медведев кој се обрати до Брисел и Вашингтон обвинувајќи ги дека се тие автори и спонзори на украинските немири, и дека Москва нема да ја признае новата власт предводена од вооружени луѓе под маски. Путин потоа нареди големи воени маневри со учество на 150.000 руски војници од сите армиски родови, а испрати и засилување од 10.000 војници во нивната поморска база Севастопол на Крим. Денес руската заедница на Крим ја превзема контролата на парламентот и владата на кримската република, ги разби демонстрациите на Татарите, а на институциите истакна руско знаме.
Вашингтон, преку шефот на дипломатијата Кери, се закани дека руското мешање во Украина нема да помине без последици.
За тоа време Русите во Украина најавуваат отцепување на Крим, што е прва голема цена на успехот кој вооружените демонстранти го постигнаа на превратот во Киев.
Отцепувањето на Крим е сосема можно. Дали тоа ќе се оствари преку одлуки на тамошната влада и парламент, или преку референдум, или комбинација на овие две постапки е засега неизвесно, но извесно е дека отцепување ќе се случи. Украина нема војска и полиција која може да го спречи тоа, а влегувањето на американска, НАТО или друга војска во Укрина би била преголема закана за европската безбедност.
Во западна Украина се подготвуваат нови демонстрации и можни насилни конфликти кои би довеле до поголема самостојност на регионите, и помала власт на Киев на тие територии што, во основа, е федерализација на државата.
Дали промената на власта во Киев вреди за оваа цена?По вооружениот преврат, собир на демонстрантите предводен од вооружените групи на Самостојност и Десниот сектор го протераа и сменија претседателот