четврток, 12 ноември 2026
Најново

Крим ќе биде вратен на Украина!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска вети дека полуостровот Крим, што Русија го анектираше во март годинава, ќе ѝ биде вратен на Украина.„Крим ќе ни биде вратен. И не е потребно тоа да се случи со воени средства, порача тој на меѓународна конференција во Киев и додаде дека загубата на Кримскиот Полуостров е важен проблем за Украина“ – изјави Порошенко.
На конференцијата Порошенко ги поздрави новите европски санкции против Русија. Порошенко истакна дека санкциите на ЕУ против Русија ја демонстрираат солидарноста на Унијата кон Киев.
– Никогаш претходно не сум чувствувал толкав степен на солидарност. Јас самиот се чувствувам за полноправен член на европското семејство – рече тој.
Порошенко изјави дека во вторник украинскиот парламент ќе ја ратификува спогодбата за асоцијација на Европската унија со Украина.
 
 „Крим ќе ни биде вратен. И не е потребно тоа да се случи со воени средства, порача тој на меѓународна конференција во Киев и додаде дека

Поврзани вести