„Крим. Само пробај да земеш“: Патриотски чоколатца во Русија

На рекламните плакати за бонбоните, пишува: „Ние не престануваме да се смееме, дури ни кога нашата земја донесува тешки одлуки. Затоа што ние сме Руси“.Компанија од градот Новосибирск во Сибир, почнала да произведува нов вид на чоколадни бонбони со провокативен назив: „Крим. Само пробај да земеш“.
Во овој необичен спој на геополитика и слатки, на амбалажата на бонбоните се наоѓа некој кој личи на Супермен во боите на руското знаме, додека во позадина се наоѓа мапа на украинскиот црноморски полуостров Крим, кој неодамна беше припоен кон Русија. На страните се наоѓаат ленти на Свети Георги, кој е симбол на руската воена храброст.
„Порано постоеле бонбони кои се викаа `Само пробај да земеш`. Бидејќи не бевме во можност да го регистрираме бренодт под истото име, го сменивме називот во `Крим. Само пробај да земеш`“, изјави порпаролот на компанијата Чоколадна традиција.
Меѓутоа, тој призна дека бонбоните не се продаваат подобро од останатите слатки.Компанија од градот Новосибирск во Сибир, почнала да произведува нов вид на чоколадни бонбони со провокативен назив: „Крим. Само пробај да зе

Пронајдете не на следниве мрежи: