Поднесена е кривична пријава против градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски во која стои дека се товари за злоупотреба на службената положба и овластување како и за неизвршување на судска одлука.Од ОЈО велат дека јавните обвинителства, согласно законските одредби не поднесуваат кривични пријави – туку постапуваат по поднесени кривични пријави што ги доставуваат физички или правни лица.
Кривичната пријава во Основното јавно обвинителство – Скопје ја има поднесено правно лице против градоначалникот на општина Центар на 26 октомври 2016 година. Кривичната пријава се однесува на постапувањата на општина Центар по барање за утврдување на правен статус за бесправно изграден објект, која што нема допирни точки со друг случај што е експлоатиран во изминатите денови.
-Во насока на утврдување на наводите од кривичната пријава, Основното јавно обвинителство – Скопје ги повика пријавителот и пријавениот да дадат изјава. Побарано е и доставување на материјали за проверка на наводите од Кривичната пријава, велат од ОЈО.
Според информациите, кривичната пријава е поднесена од страна на сопственик на дуќан на улицата „Максим Горки“, бидејќи општината раководена од Жерновски не почитува пресуди и не му го легализира дужанот за кој сопственикот има судска пресуда.
-При извршување на службена должност како градоначалник на Општина Центар и како надлежен за одлучување по барањето за утврдување правен статус на бесправно изграден објект поднесено од страна на оштетениот, спротивно на одредбите од Законот за постапување со бесправно изградени објекти и одредбите на Законот за управни спорови, донел решение со кое се одбива барањето на оштетениот, притоа непочитувајќи ги насоките дадени од страна на второстепениот орган Министерство за транспорт и врски и неприменувајќи ја пресудата од Управен суд, чија примена е задолжителна, за потоа да донесе решение на ден 16.09.2016 година за прекин на постапката, без да побара од оштетениот доставување на дополнителна документација, стои во пријавата.
Во истата се вели дека согласно одредбите од Законот за постапување со бесправно изградени објекти, градоначалникот бил должен да и укаже на странката дека е потребно да биде доставена дополнителна документација, која самоиницијативно е доставена од страна на оштетениот, па иако со тоа во целост биле исполнето условите за утврдување на правен статус на објектот, истиот не донел позитивно решение, со што на оштетениот му нанел штета на начин што го оневозможува да стекне право на сопственост на деловен објект изграден од негова страна, по пат на легализација.
-Со овие дејствија, пријавениот при вршење на својата службена должност го сторил кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување и неизвршување на судска одлука, стои во кривичната пријава до Жерновски поднесена од оштетениот.
Иако Општина Центар се обиде ваквото прекршување на законот од страна на Жерновски манипулативно да го прикаже како „одмазда на ВМРО-ДПМНЕ преку судството кон градоначалникот“, како и истото да го доведе во корелација со случајот на претседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, сепак кривичната пријава против Жерновски е поднесена уште пред случајот Панчевски и пресудата на Судот е од оваа година, а не од времето на претходниот градоначалник Владимир Тодоровиќ.Од ОЈО велат дека јавните обвинителства, согласно законските одредби не поднесуваат кривични пријави – туку постапуваат по поднесени кривични