Криминалци од СДСМ вршат рекет и бараат пари од фирми

Loading...

Низ неколку скопски чаршиски друштва деновиве слушам различни варијанти на една иста сторија: во градот се појавила нова рекетарска банда која шета по дуќани, кафеани, кафулиња, бутки, бизниси и фирми и на нивните газди се обидува да им наметне нова „заштита“, како замена за досегашната, падната од власт „заштитарска“ шема, пишува провладиниот колумнист Сашо Орданоски во колумна објавена на сајтот на Цивил медиаДечкиве со дебели вратови, чиј млад газда, наводно, има впечатливи тетоважи „по целом телу“ – а како поинаку?! – се филијала на некаква лиценцирана агенција за обезбедување од внатрешноста на јужна Македонија. Чаршискиов наратив додава дека, во досегашниот ентузијазам на освојувањето на пазарот, новопечениве рекетари веќе имаат запалено неколку автомобили, подискршено некои инвентари низ градот и превземено разни други весели нешта коишто спаѓаат во описот на струката на овој вид битанги, пишува Орданоски.
Орданоски додава дека во овој случај има и еден специфичен „маркетингшки“ обрт во приказната: „имено, овој тазе рекетарски бизнис естаблишмент, шетајќи наоколу по чаршијата, се фали и се претставува дека ги застапува интересите на една нова владејачка потенцијална Фамилија во Македонија – онаа на Заеви“.
 
Да се разбереме, мене ми е совршено јасно дека тоа фалење е тотална измислица! Сигурен сум, „на невидено“, дека Заеви, чиј семеен бизнис со години игра во „Премиер лигата“ на македонскиот деловен свет, немаат никаква врска со овој вид на трето-ешалонски криминални активности. Но, подеднакво сум сигурен и во нешто друго: во Македонија НЕ МОЖЕ ДА ПОСТОЈАТ овој вид на рекетарски операции, доколку зад нив не стои некаков вид и некое ниво на неофицијална полициска поддршка. Значи, да повторам: нема рекет, без полицајци во шемата! Е, тоа е веќе проблем (и) на масата на Заев, виа Оливер Спасовски! Пак ќе кажам: убаво звучи, ама не може во Македонија да има живот баш за сите! Еве, на пример, да ја провериме таа теза врз новиве рекетари“, пишува Орданоски.
Во продолжение колумнатана Сашо ордановски објавена на интернет страницата на „Цивил Медиа“, под наслов „Нова фамилија? Не, фала!“ ви ја пренесуваме во целост:
Кога ќе се нафатите да пишувате дневна колумна, тогаш некои приказни сами ви доаѓаат. Оваа е една таква…
Низ неколку скопски чаршиски друштва деновиве слушам различни варијанти на една иста сторија: во градот се појавила нова рекетарска банда која шета по дуќани, кафеани, кафулиња, бутки, бизниси и фирми и на нивните газди се обидува да им наметне нова „заштита“, како замена за досегашната, падната од власт „заштитарска“ шема. Дечкиве со дебели вратови, чиј млад газда, наводно, има впечатливи тетоважи „по целом телу“ – а како поинаку?! – се филијала на некаква лиценцирана агенција за обезбедување од внатрешноста на јужна Македонија. Чаршискиов наратив додава дека, во досегашниот ентузијазам на освојувањето на пазарот, новопечениве рекетари веќе имаат запалено неколку автомобили, подискршено некои инвентари низ градот и превземено разни други весели нешта коишто спаѓаат во описот на струката на овој вид битанги.
Ако фатиме една цинична колумнистичка поза, би се рекло дека до тука е сѐ в ред. Во нео-либералниот капитализам, пазарот на рекетот не мирува, конкуренцијата си го прави своето, цените ги диктира понудата и побарувачката… Но, овдека има и еден специфичен „маркетингшки“ обрт во приказната: имено, овој тазе рекетарски бизнис естаблишмент, шетајќи наоколу по чаршијата, се фали и се претставува дека ги застапува интересите на една нова владејачка потенцијална Фамилија во Македонија – онаа на Заеви.
Да се разбереме, мене ми е совршено јасно дека тоа фалење е тотална измислица! Сигурен сум, „на невидено“, дека Заеви, чиј семеен бизнис со години игра во „Премиер лигата“ на македонскиот деловен свет, немаат никаква врска со овој вид на трето-ешалонски криминални активности.
Но, подеднакво сум сигурен и во нешто друго: во Македонија НЕ МОЖЕ ДА ПОСТОЈАТ овој вид на рекетарски операции, доколку зад нив не стои некаков вид и некое ниво на неофицијална полициска поддршка. Значи, да повторам: нема рекет, без полицајци во шемата! Е, тоа е веќе проблем (и) на масата на Заев, виа Оливер Спасовски!
Нема СДСМ многу време на располагање на македонските граѓани да им покаже и докаже дека е поразлична власт од она на што навикнавме во изминатите 11 години владеење на Груевски (псссст!, потивко, Грујо е задлабочен врз правењето „длабока анализа“ за причините за изборната катастрофа…). За тоа не се доволни само апстрактните нивоа и дебати за инвестициските политики или за реформите во образованието и односите со соседите. Секојдневието ни се одвива низ дуќаните каде пазариме и кафулињата во кои се дружиме – ако државата таму не е способна да нѐ заштити од вознемирувањата на уличните мафијаши и нивните криминални омерти, тогаш навистина, велам, не е ни важно дали ќе има или ќе нема референдум за исходот на преговорите со Грција!
Пак ќе кажам: убаво звучи, ама не може во Македонија да има живот баш за сите! Еве, на пример, да ја провериме таа теза врз новиве рекетари.
Извор: НЕТПРЕС
 Дечкиве со дебели вратови, чиј млад газда, наводно, има впечатливи тетоважи „по целом телу“ – а како поинаку?! – се филијал

loading...