„Глобал“, „Пуч“, „Поткуп“, криминал со превоз се криминалите на Зоран Заев. Од богатење, поткуп до обид за уривање на државниот систем преку уцени и закани.Случај „ГЛОБАЛ“
Лидерот на СДСМ Зоран Заев на 3-ти август 2008-мата година е аболициран од тогашниот претседател и негов сопартиец Бранко Црвенковски, за криминал тежок 8 милион евра. Заев беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања како струмички градоначалник. Од тоа што може да се најде како архива за „Глобал“, Заев заедно со уште петмина заврши во притвор во средината на јули 2008 година. Неколку месеци претходно, за нив МВР поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување. Нема податоци со каква квалификација е делото, но имајќи предвид дека во кривичната пријава, а подоцна и во обвинителството тврдеа дека противправно е стекната имотна корист од над 8 милиони евра веројатно се работи за потешка квалификација за која Kривичниот законик предвидува казна од минимум три, односно пет години затвор.
„Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување … ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години“, пишува во ставот три од членот 353 од KЗ.
Уште повеќе во последниот став на овој член се вели дека ако злоупотребата на службената положба и овластување е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, „сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години“.
Историјата на „Глобал“
– На 1 февруари 2006 година Општина Струмица носи одлука за реконструкција и надградба на Градското пазариште за што до Бирото за јавни набавки поднел известување дека ќе спроведе тендер за изградба на трговски центар на ова место.
– Со јавно-приватно партнерство на две фирми им било дадено земјиштето на кое се наоѓал стариот пазар. За изградбата, Општината експресно издава дозвола за градба, а фирмите што го добиле тендерот веднаш почнале да градат.
– Во текот на изградбата на трговскиот центар во 2006 и 2007 година во неколку наврати државниот управен инспекторат увидел дека дозволата за градба не е законска и ја поништува (за земјиштето, кое инаку е во државна сопственост, биле иницирани постапки за денационализација).
– Државниот управен инспекторат во март 2007 година носи решение со кое им наредува на Општината и на инвеститорите да ја прекинат градбата, но Заев ги игнорира ваквите налози.
– Објектот со огномет на 1 јули 2008 година како капитална инвестиција на градот го отвори тогашниот претседател на државата и доскорешен сопартиец на Заев, Бранко Црвенковски. По две недели, Заев со своите општински соработници, како и газдите на фирмите што го градеа „Глобал“, завршија во притвор
– На 3 август 2008 година Црвенковски го искористи своето дискреционо право да ги помилува сопартиецот Заев и неговите соработници и да го прекине кривичното гонење против нив.
Случај „Поткуп“
Полицијата во 2015 година на Зоран Заев му поднесе кривична пријава за примање поткуп по член 357 од Кривичниот закон, бидејќи од лице кое сакало да приватизира градежно земјиште, му побарал на подарок по две евра од квадрат, односно 200.000 евра.
Оштетениот бизнисмен случајот го пријавил кон крајот на декември 2013 година, по што полицијата започнала со преземање на на соодветни мерки и активности за докажување на кривичното дело.
– Пријавениот знаејќи дека оштетениот за ова земјиште има право на користење, му понудил да издејствува кај службените и одговорните лица надлежни за водење на постапките за откупување на земјиштето, да се завршат сите подготовки за отпочнување и завршување на процедурите за откуп на земјиштето, по што како градоначалник на општина Струмица би донел конечни Решенија за откуп на земјиштата, доколку му биде даден бараниот подарок од по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште. Исто така оштетениот требало да ја плати и законски предвидената цена за откупот на земјиштето , истакнаа од МВР на прес-конференцијата за овој случај.
Случај „Пуч“
Кривична пријава на Заев му беше поднесена и на почетокот на 2015 година поради обид за насилство спрема претставници на највисоките државни органи. МВР тогаш информираше дека осомничените лица, преку употреба на незаконски средства на следење и шпиунирање со упатување на сериозни закани кон високи државни функционери сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.
Заев, како четврто пријавен на средби со тогашниот премиер Никола Груевски му се заканувал со докази против него. Според доказите, извор на информации на Заев му бил Зоран Верушевски.
„Четвртопријавениот остварил повеќе лични средби и телефонски комуникации со Претседателот на Владата на Република Македонија, на 28.09.2014 година, на 09.10.2014, на 31.10.2014 и на 17.11.2014 година. На средбите и комуникациите пријавениот на Претседателот на Владата на Република Македонија, јасно и децидно му упатил сериозни закани дека поседува докази од компромитирачки карактер за носители на високи јавни, службени и државнички функции во Република Македонија. Заканата ја конкретизирал со тоа што од него како Претседател на Владата на Република Македонија и на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, побарал да ги прифати неговите барања за формирање на „Техничка Влада“, а потоа да се распишаат предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија. За возврат пријавениот ветувал дека нема јавно да ги објави податоците. Ваквите податоци, четвртопријавениот ги добивал од првопријавениот, со кого остварил повеќе тајни средби, со посредство и помош на третопријавениот“, стои во полициското соопштение за овој случај.
Меѓу Верушевски и неговиот поранешен колега од тајната полиција, петтосомничен во случајот, Ѓорги Лазаревски се водела скандалозна Скајп комуникација. Разговорот бил откриен при истрагата во еден од запленетите компјутери од домот на Верушевски.
Во објавената комуникација од февруари, април и мај 2014 година, соговорниците Верушевски и Лазаревски ја анализираат политичката ситуација во земјава и случувањата во опозицијата.
Во комуникацијата, Верушевски го користи псевдонимот, „оркестар11“, а Лазаревски е „кока кола 10а“.
Ќе има граѓанска војна! За ова меѓу другото разговарале во рамки на скандалозната скајп комуникација првоосомничениот во случајот „Пуч“ екс директорот на УБК, Зоран Верушевски и петоосомничениот Ѓорѓи Лазаревски.
Околу 6000 пораки, размениле Верушевски и Лазаревски, кои истражните органи ги поврзуваат со кривичните дела што им се ставени на товар. Од анализите на еден од запленетите компјутери на првоосомничениот, досега биле обезбедени пораки кои датираат од 2012 година наваму, тоа не значи дека двајцата и претходно немале комуникација.
Случај „криминал со превозот во Струмица“
Финансиската полиција денес влезе во просториите на општина Струмица по информациите за криминал со тендери за превоз на ученици во општината раководена од Заев.
Акцијата следи откако деновиве во јавноста беше објавена скандалозна документација според која, општина Струмица плаќа три пати поскапо за превоз во споредба со Токио.
Имено, Захир Бекири Чауш, Ердоан Џафероски, Дејан Близнак се само дел од блиското друштво и соработници на Заев, а лица со криминални досиеја. Некои од нив одамна добро познати на полицијата и со дебели досиеја.Случај „ГЛОБАЛ“
Лидерот на СДСМ Зоран Заев на 3-ти август 2008-мата година е аболициран од тогашниот претседат