45 годишниот Дејан Трајковски познат под прекарот „Близнак“ е осомничен од Министерството за внатрешни работи за сторено кривично дело „Убиство“ по член 123, сторено во обид, брифираат полициски извори.Според досега документираните сознанија, во утринските часови на 15.04.2016 година, Трајковски со остар предмет му нанел убодна рана на полицискиот службеник Г.К. кој сеуште се наоѓа во животна опасност. Ударот на Трајковски, бил директно во главата на полицискиот службеник и му ги пробил синусите и черепот. Осомничениот Трајковски кој веднаш по убиството се дал во бегство.
Дејан Трајковски и претходно и е познат на полицијата и бил пријавуван за разни кривични дела. Тој и неговиот брат важат за блиски соработници на Оливер Спасовски и Зоран Заев, а често се појавуваат во друштво и на портпаролот Петре Шилегов. Двајцата се дел од структурите на СДСМ кои ги реализираат насилните сценарија на Заев.
Во моментов Дејан Трајковски – близнак е недостапен за органите на прогонот и полицијата се уште трага по него.Според досега документираните сознанија, во утринските часови на 15.04.2016 година, Трајковски со остар предмет му нанел убодна рана на полицискиот