Пред неколку години, Лихтенштајн донесе правилник за однесување на граѓаните. Во него стои дека се препорачува да се биде тивок во официјалното време за ручек – од 12 до 13:30 часот.Оваа мала земја, сместена помеѓу Австрија и Швајцарија, крие бројни интересни факти.
-Во Лихтенштајн речиси и да нема криминал. Последното евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во државата има неколку затвореници. Секој што е осуден на казна подолга од две години, заминува во затвор во Австрија. Луѓето во оваа земја се чувствуваат толку безбедно, што поголем број од нив воопшто не ги заклучуваат влезните врати.
-Швајцарија во една пригода изврши инвазија на Лихтенштајн. Швајцарски војници (170 на број) со вооружени пушки, но без куршуми, за време на воена вежба случајно ја преминале границата.
-Еднаш годишно, сите жители се канат на забава, односно на пиво во градината на дворецот Вадуц.
-Главен град на Лихтенштајн е Вадуц, во кој живеат 5.425 жители. Тој е и најголемиот град во таа земја.
-Лихтенштајн е водечки светски произведувач на вештачки заби.
-Пред пет години можевте да ја изнајмите целата држава на една ноќ. Имено, во соработка со сервисот Аирбнб, понуден е простор за 150 гости, деустација на вино со принцот и креирање на персонализирана парична валута со привремен карактер. Задоволството чинеше 70.000 долари.
-Химната на Лихтенштајн „Oben am jungen Rhein“, има сосема иста мелодија како химната на Велика Британија „God Save the Queen“.
-Во Лихтенштајн официјален јазик е германскиот, но жителите најчесто не го зборуваат. Поголем број се служат со алеманско наречје, поинакво од стандардниот германски јазик.
-Сѐ до 1984 година поради пропаѓање на три референдуми, жените во Лихтенштајн не можеле да гласаат на избори. На референдум можеле да излезат само мажите, така што референдумот успеал дури од четврти обид, односно со 51,3 отсто гласови „за“.Оваа мала земја, сместена помеѓу Австрија и Швајцарија, крие бројни интересни факти.
-Во Лихтенштајн речиси и да нема криминал. Последното


