Крис Нот, на гледачите најпознат по улогата во „Сексот и градот“ и Киша Касл- Хаџес се придружуваат на актерската екипа на серијалот МАНИФЕСТО, кој оваа година ќе се прикажува на Дискавери каналот. Серијалот ја следи приказната како ФБИ го разоткрива Тед Кацински (Пол Бетани) , познат како Унабомбер, еден од најозоглсените криминални умови во светот. Снимањето започнува во Атланта на 30 јануари под режисерската палка на Грег Јаитенс.
Нот ќе го глуми Дон Акерман, шефот на единицата, кој ја надгледуваше операцијата Унабомбер. Касл- Хаџес ја глуми Теби, агентката која се здружува со ФБИ агентот Џим Фицџералд- Фитц во чија улога е Сем Вортингтон, еден од најдобрите профилери во историјата на ФБИ чиј радикален пристап на собирање податоци помага во разоткривањето на Кацински. Нот, Касл- Хаџес и Вортингтон му се придружуваат на Пол Бетани кој ја глуми улогата на Тед Кацински.
МАНИФЕСТО открива како Џим Фиц Фитцџералд ги предизвикал дотогаш познатите методи на собирање на податоци со својот радикален пристап. Тој се занимавал со профилирање на луѓе, но неговиот фокус на лингвистиката е од витално значење за решавање на случајот. Тој бил убеден дека откривањето на идентитетот на вистинскиот Унабомбер се наоѓа во неговиот манифест, односно деталните записи на Кацински.
Продукцијата на МАНИФЕСТО е на Лајонсгејт и Тригер Стрит Продакшн. Кевин Спејси, Трој Серер и Грег Јаитенс се извршни продуценти, додека во име на Дискавери извршен продуцент е Џон Голдвин. Вистинскиот Џин Фитцџералд пак е продуцент советник.
Серијалот ја следи приказната како ФБИ го разоткрива Тед Кацински (Пол Бетани) , познат како Унабомбер, еден од најозоглсените криминални умови во