Мајка му е струмичанка, татко му од беровско Русиново, а тој има само 8 години и е шампион во кик-бокс во Германија.Кристијан е шампион во кик-бокс во Германија во неговата семи контакт и лајт контакт до 25 килограми. Негов најголем успех е победата на најголемиот светски турнир во бразилско џиу џицу “НАГА” од Америка кој се одржа на 24 мај 2014 година, со што влезе во историјата како единствен Македонец кој до сега има победено на тој натпревар до 18 години.
Многу германски борци и тренери се заинтересирани за талентираниот Кристијан, но најголемата поддршка ја добива од својот татко кој што е каратист. Кристијан тренира 4 до 5 пати неделно во клубови во Германија, а негов личен тренер е татко му Ванчо Воденски.
Досега учествувал во 48 борби. Според статистиката, во 40 борби е победник, во 5 има изгубено и 3 борби завршиле нерешено. Наредниот период ќе се натпреварува во Париз и доколку победи и на тој натпревар ќе биде единствениот македонски натпреварувач со 2 титули во „НАГА” турнирите.
Неговиот сон е да се стане светски шампион во УФЦ натпреварувањата. Идол на Кристијан е Џорџ Сент Пјер, канадски натпреварувач во УФЦ, мајстор на карате и бразилско џиу џицу. Кариерата на Кристијан може да ја следите на неговата официјална фан страна на Фејсбук.
Кристијан е шампион во кик-бокс во Германија во неговата семи контакт и лајт контакт до 25 килограми. Негов најголем успех е победата на најголемио



