Кристина Ковач: Стојам зад одлуката Илма да испадне од „X фактор“!

„Не е спорно дека има голем талент, но јас не чувствувам било каква емоција додека таа пее. Ништо. Јас не ја испратив дома бидејќи на Маид му е „последниот“ воз, а всушност, публиката е одговорна што Илма беше во дуелот“, соопшти членката на жирито. Синоќешната емисија на „Х фактор“ се уште е главна тема на интернет, бидејќи сите беа шокирани од одлуката на жирито талентираната Илма Карахмет да го напушти натпреварувањето. Бројните незадоволства сепак не ги наведоа некои судии да го сменат мислењето.
Имено, Кристина Ковач и по сите негативни коментари за тоа како Жељко Јоксимовиќ, Емина Јаховиќ и таа гласаа 13 –годишната Илма да си оди дома, не мисли дека е направено погрешен избор и на нејзиниот Фејсбук профил во детали го објасни своето мислење.
– За сите заинтересирани и оштетени : Целосно стојам зад својата одлука да ја испратам Илма дома. Не е спорно дека има огромен талент, технички е перфектна и дека има ужасно моќен глас. Но јас од првиот „лајв“ не чувствувам било каква емоција додека таа пее. Ништо. Рационално восхитување – да, емоција – ништо.

Можеби вие ја чувствувате, можеби ја чувствуваат илјадници луѓе, но јас не ја чувствувам… И јас гласам врз основа на она што го мислам и чувствувам, или не го чувствуваат. Мене не ми е доволно виртуозност. Јас повеќе би сакала Илма да пее полошо од што пее, но да има длабочина во емоциите, тридимензионалност.
Јас сигурно не ја испратив дома, бидејќи на Маид му е „последниот воз“. Тоа со мојата одлука нема никаква врска и ве молиме во своето беснеење на мене да беснеете со вистинска причина, а не погрешна.
Всушност, публиката ја изгласа Илма за дуел. Значи, голем дел од одговорноста за испаѓањето на Илма е ваше. Е така – пејачката го изнесе своето мислење. Синоќешната емисија на „Х фактор“ се уште е главна тема на интернет, бидејќи сите беа шокирани од одлуката на жирито талентираната Илма

Пронајдете не на следниве мрежи: