Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во рамки на посетата на САД остварил средба со конгресменот Кристофер Смит кој изразил силна поддршка на Република Македонија и на Груевски во справувањето со предизвиците и реализација на стратешките интереси за интегрирање во НАТО.-Цврсто сум уверен дека Македонија треба да стане членка на НАТО веднаш. Со сигурност ги исполни критериумите, со извонредно лидерство на Груевски. Имав многу добар состанок разговарајќи за овие прашања, и мислам дека државата ќе биде додадена вредност во алијансата, лојален партнер и пријател. Државата треба да стане членка што поскоро и следниот претседател на САД ова прашање треба да го стави во приоритетите, изјавил конгресменот Смит.
Тој осврнувајќи се на работата на Груевски истакна: „Што се однесува до дејствувањето на Груевски импресиониран сум од неговото лидерство, тој е човек кој сака да и донесе на државата подобра иднина, при што има зад себе има и добри резултати, и е посветен кон градење на демократско општество. Во однос на изборите што престојат во Македонија се надевам дека она што го сакаат граѓаните ќе биде и резултат од изборите.“-Цврсто сум уверен дека Македонија треба да стане членка на НАТО веднаш. Со сигурност ги исполни критериумите, со извонредно лидерство на Груевски.