Секторот за внатрешни работи -Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(52) од Куманово и неговата компанија ДГПТУ „Стан Арт“ ДООЕЛ Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и Т.С. (38) исто така од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и „фалсификување на службена исправа“.Како што се посочува во соопштението од МВР, А.М.(52) и неговата компанија во 2012 и 2013 година изградиле градба за колективно домување со посебни станбени единици наменети за продажба со која постапиле спротивно од основниот проект изработени од второпријавеното лице, а со тоа и спротивно на одобрението за градба.
– Прво и второпријавените уште во фаза на градба извршиле продажба на 10 стамбени единици, заеднички простории и гаражни места на повеќе лица од Куманово со кои биле склучени преддоговори, а потоа и договори за продажба на становите со што се стекнале со противправна имотна корист од 24 милиони 496 илјади и 748 денари, стои во соопштението.
Т.С. како архитект и главен надзорен инжињер постапила спротивно на Законот за градење со што пропуштила должен надзор на предметните објекти со што им овозможила прво и второпријавените да се стекнат со противправна имотна корист. При тоа по извршениот технички преглед на градбата изготвила и со свој потпис и печат заверила два извештаи за извршен технички преглед во кои навела невистинита содржина и податоци кои се однесуваат на тоа дека градбите биле изградени согласно основниот проект и нема недостатоци кои требало да бидат отстранети. По ова, во Секторот за урбанизам-општина Куманово извештаите биле употребени во постапка за запишување на градба во јавна катастарска книга на недвижности.Како што се посочува во соопштението од МВР, А.М.(52) и неговата компанија во 2012 и 2013 година изградиле градба за колективно домување со посебни