Кривична пријава за Јакимовски поради попречување на протест

Дали кривичната пријава за Јакимовски е реваншизам на СпасовскиСо изговор дека ги спречиле приврзаниците на граѓанската иницијатива „Ајде“ да организираат протест пред зградата на Уставниот суд,Министерството за внатрешни работи најави дека ќе поднесе кривична пријава против две лица, односно против претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски и против Александар Трајковски.
Имено, како што појаснуваат, на 15-ти март, првопријавениот С.Ј. и второпријавениот А. Т. организирале собир на граѓани пред платото на Уставниот суд, со цел да го попречат одржувањето на претходно најавениот мирен протест на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“со што сториле кривично дело „Спречување или смеќавање јавен собир“.
Од МВР велат дека на 14 март, платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, благовремено со писмен допис се обратиле до МВР, поточно СВР-Скопје, и притоа најавиле организирање мирен и ненасилен протест и протестен марш во Скопје.
Во горе наведениот акт било наведено дека протестот ќе започне на 15.03.2016 во 18 часот пред зградата на Владата, оттаму групата на граѓани би се упатиле кон собранието, од каде групата би се упатила кон зградата на Уставениот суд. Таму групата би останала да протестира се до наредниот ден односно до објавувањето на одлуката на Уставниот суд. Мапата за движење била доставена како прилог на известувањето. На настанот организаторот претпоставувал присуство на околу 1000 граѓани и истиот се обврзал да обезбеди редарска служба од најмалку педесетина редари. За самиот настан организаторот доставил и известување до повеќето електронски и пишани медиуми.
По дознавање на намерата за организирање на мирни и ненесили протести пред Уставниот суд од страна на Платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“, првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т. на 14 март во вечерните часови одржале прес конференција на која што најавиле организирање на протест пред платото на Уставниот суд со цел заштита на функционирањето на Уставниот суд.
Следниот ден, второ пријавениот А.Т. со намера да го попречи одржувањето на ненасилниот јавен собир-протест, со писмен допис до МВР односно СВР-Скопје највил дека на иатиот ден во 18 часот ќе организира мирен собир на платото пред Уставниот суд не наведувајќи во писмениот допис за што се организира самиот собир. Во вторникот, во утринските часови по инструкции на првопријавениот С. Ј. и второпријавениот А. Т. започнале да се собираат граѓани пред платото на Уставниот суд и започнале со монтирање на бина и тенди-чадори со што насилно го узурпирале просторот на кој претходно уредно пријавениот собир требало да се одржи во организација на платформата за граѓанската политика „АЈДЕ“.
Во среда, лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, одржа прес-конференција на која заклучи дека граѓаните ги одбраниле институциите.
Одговарајќи на многубројни новинарски прашања, лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, напомена дека ниту имале намера да предизвикаат каков и да е инцидент или конфликт со повикот до граѓаните да излезат на мирен собир за одбрана на Уставниот суд, ниту истиот бил подржан со организирање на партиски активисти на ВМРО- ДПМНЕ.
„Напротив, ние излеговме токму во одбрана на Уставниот суд, бидејќи активисти кои протестираа пред тој Уставен суд, им се закануваа на судиите со физичка пресметка. На собирот секако дека имаше партиски симпатизери  на ГРОМ, но исто така имаше и многу граѓани од друга или без партиска припадност, од различни етнички заедници, кои заедно и сплотено дојдоа да си ги одбранат своите институции. Ние не шириме никаков партиски триумфализам, туку напротив, сметаме дека нашата, пред се граѓанска должност, ја извршивме достојно, бранејќи ги нашите институции на државата, кон кои перманентно некој им се закануваше“, рече Јакимовски.Со изговор дека ги спречиле приврзаниците на граѓанската иницијатива „Ајде“ да организираат протест пред зградата на Уставниот суд,Мини

Пронајдете не на следниве мрежи: