Кривична за навивачот кој фрли столче на натпреварот Вардар- Металург

Полицијата поднесе кривична пријава против дваесет и едногодишниот навивач кој минатиот викенд фрли столче кон теренот при крајот на второто полувреме на ракометниот натпревар Вардар – Металург.Според МВР, додека навивачот заедно со навивачите на Вардар, Комити викал и ги навредувал играчите на Металург, во еден момент зел столица и ја фрлил на теренот.
Двајца вработени во обезбедување го виделе Д.П. како го зема столчето, но не успеале да стигнат до него за да го спречат во намерата. Инспектори од Одделението за насилен криминал извршиле препознавање на лица, при што од присутните четворица претставени лица, сведоците го препознале пријавениот.
Од извршените проверки во видео записите од снимањето на натпреварот, извадена е фотографија на која е забележан моментот на фрлањето на столицата во теренот. Навивачот е повикан на службен разговор, во кој тој го потврдил стореното дело. Против него е поднесена кривична пријава за насилство.
Фото: РК МеталургСпоред МВР, додека навивачот заедно со навивачите на Вардар, Комити викал и ги навредувал играчите на Металург, во еден момент зел столица и ја фрл

Пронајдете не на следниве мрежи: