Кризата предизвикана од Заев предизвика нови економски штети по државата

Европската комисија скрати нешто над 27 милиони евра од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за Република Македонија, поради недостаток на подготвеност и зрелост при планирање во клучните сектори за кои овие средства требаше да бидат наменети, потврди за МИА портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчиќ.– Последните неколку години, а посебно минатата година, ЕК во неколку наврати ја објасни својата загриженост до надлежните органи во врска со недостатокот на подготвеност и недостаток на зрелост во планирање во клучните сектори, како и недостатокот на политичка посветеност за реализација на потребните секторски реформи и погенерално на општите реформски обврски. Како резултат на тоа, Комисијата сега мораше да ја намали финансиската помош на ЕУ што беше предвидена за 2016 година, како и да одлучи да не продолжи со друг проект, истакна Коцијанчиќ.
Со ова на Македонија и е нанесена економска штета, предизвикана од политичката криза во која СДСМ ја втурна нашата земја.
Со правилата за користење на ИПА 2, доколку ЕК утврди дека критериумите за секторски пристап не се целосно исполнети: постоење на соодветна секторска стратегија, среднорочна буџетска рамка, институционален капацитет, координативен механизам средствата се губат уште во фазата на програмирање.
Изминатиов период опозицијата на чело со Зоран Заев предизвика криза во Македонија која ја чувствуваат и економијата и граѓаните.
Дополнително, со оглед на тоа дека во изминатиот период Македонија беше предводена од техничка влада со мандат претежно ограничен на подготовка за спроведување избори, дел од мерките во секторот Управување со јавни финансии не можеше да се реализираат, што доведе до губење на дел од средствата за 2016 година. Станува збор за сума од 14.6 милиони.
Но, Владата останува посветена на реформите во оваа област, како и воопшто на сите реформи што произлегуваат од европската агенда. Во тој контекст, Министерството за финансии, во соработка со експерти од Сигма и Делегацијата на ЕУ во Скопје продолжува активно да работи на подготовка на Стратегијата за управување со јавни финансии со цел имплементација на предвидените реформи во претстојниот период. Освен тоа, Секретаријатот за европски прашања во рамки на ИПА проект ќе продолжи да ги јакне капацитетите на администрацијата за секторски пристап со цел спречување на загуби на средства во иднина.
Изминатиов период, поради кризата, имаше измени и во СЕП. Секторот кој долги години е воден од ДУИ, го смени челникот кога партијата направи кадровски измени секаде каде има поставено кадар. Арбер Адеми пред помалку од три месеци ја презеде должноста од неговиот претходник Фатмир Бесими за вицепремиер задолжен за СЕП.
Во рамки на ИПА годинава, Македонија ќе добие 14.57 милиони евра за секторот внатрешни работи, 7 милиони за учество во Програми на Унијата, 2.65 милиони за поддршка на граѓанското општество, 6 милиони за секторот конкурентност, како и средства во областите транспорт, животна средина и земјоделство и рурален развој (ИПАРД) во рамки на повеќегодишните оперативни програми кои се спроведуваат во овие области во вкупен износ од 34.22 милиони евра. За овие области веќе се добиени финансиски спогодби од ЕК кои треба да бидат потпишани од македонска страна во текот на следните 2 недели. Дополнително, 6.56 милиони беа префрлени во резервниот фонд за справување со мигрантската криза.
Ваквиот чекор од страна на ЕК е повик за поголема конструктивност со цел надминување на кризата од страна на сите засегнати страни. Опозицијата во Македонија конечно треба да се однесува како одговорен партнер за да се реши кризата наметната токму од нивна страна.– Последните неколку години, а посебно минатата година, ЕК во неколку наврати ја објасни својата загриженост до надлежните органи во врска со

Пронајдете не на следниве мрежи: