Затоа што во Македонија во моментов ништо не се случува, односно ништо не се менува и затоа што нам очигледно ни е сеедно дали сме во редовна или кризна состојба, дали државните институции ни се функционални или хибернираат, дали имаме или немаме функционална, успешна или неуспешна државна политика, имаме или немаме устав и закони што важат на целата територија, си реков да не се занимавам повеќе со македонските работи. Во недела ќе одевме на вонредни избори договорени преку Пржино. Но, како што ни јави американскиот Kинез на ,,револуционерката“ Вики Нуланд, не било баш до толку важно избори да се одржат и затоа нема да ги одржиме додека не ни одобри Стејт департментот. Фактички додека да ни стокми ,,демократска и прогресивна“ шарена влада.Некои, таквите субјекти ги викаат стандардно марионетски влади во банана држави, квислиншки влади во окупирани земји, провизориуми во колонии и губернии. Kај нас токму квислинзите и петтоколонашите ги етикитираат владите произлезени со мнозинска изборна волја на демократски избори за диктатури, а мнозинството постојано е во ситуација да се брани, да се покорува и повлекува. На мое огромно чудење, јас не умеам да ја разберам оваа тактика на војување со кризата што ја предизвикува надворешен фактор со асистенција на петтата колона. Логиката ми вели дека секој што се нашол во водовриеж од криза со сите сили се труди да не потоне и да не се удави во него. Ем тоа час поскоро.
Зошто е избрано двогодишно давење во последниов случај ми е апсурдно. Особено што никој не се ни обидува да ни објасни. Напротив, сите се прават како да не се оттука. Ова најмногу се однесува на Никола Груевски. Тоа што тој одбра да глуми трговски патник и комуналец во најголемата криза, отстапувајќи од својата политичка функција верификувана во легитимно собрание преку Уставот, а сега фриленс-политичар со имагинарен извршен мандат и фактички партиски челник, не ги решава, туку ги измести нормалните нешта во една државна изрегулирана заедница. Простете ми, ама оваа конспиративна државна политика ми изгледа многу пубертетлиска и незрела.
Затоа решив него и вас да ве потсетам на извршениот преврат во Гамбија на крајот на 2013 година. Гамбија е мала држава приближно како Македонија. Нема излез на море, а има интересно соседство исто како нашето и, како и Македонија, спаѓа во пивот-земјите околу кои се судираат геополитичките интереси. И така, во таа Гамбија, по трет пат на нормални избори победува прозападно (американски школарец и курсиста) ориентиран политичар. Но, Вашингтон и Лондон го сметаат за неподобен зашто се однесувал премногу независно, па правел реформи од интерес на Гамбијците, водел избалансирана национална и религиска политика, а најмногу ги вџашило тоа што не сакал таков трговски договор во кој тие барале да им го предаде на управување речното пристаниште, туку сакал според закон, гамбиската царина и полиција да им го прегледува товарот.
И така, предлог договорот не го предал на усвојување во парламентот, туку го „скинал“. Дечкиве, нормално решиле да му извршат преврат. Во време на организирање на пучот, додека ја тренирале опозицијата (специјалната полициска единица) претседателот на Гамбија го искористи заседанието на ООН и од говорницата пред 200 држави го разоткри американско-британскиот потфат. Гангстериве фатени со смкнати гаќи негираа се. Ама не се откажаа, пучот го изведоа на Нова година додека шефот на државата е на службен пат во Kувајт. Само што тој, исто така, не бил наивен да верува оти се завршило добро и пучистиве се повлекле од намерата, ами будно го очекувал денот „Д“ и оп, се враќа во државата и со војската и другиот дел од полицијата ги спакува и на купче ги испоапси пучистите „специјалци“. Верувале или не, толкав им беше срамот на нарачателите и организаторите во Вашингтон и во Лондон што на медиумите што им се под контрола, не им одобрија да објават ни буква за превратов.
Мој совет до советниците на Груевски е да тркнат до Африка и да соберат некое практично искуство за темата и да ги фрлат тоа скриптите за тренинг на млади лидери во разно-разните кумровци оти тие не се поинакви од тренингот што им го организираат на црпнатите соросоиди и сдсовци. Kога веќе не тркнуваат на екскурзија до Исланд. Значи, излезни решенија, идеи, опции и алтернативи има за секоја ситуација, само дали има доволно одважни и решителни личности да ги применат. Освен ако и Груевски не забегал како Заев, па да си умисли дека е Мојсие и намерно н` шутка низ пустината додека оваа генерација да изумре, па другата и без него и без нас, да влезе прочистена во ветената „земја“.
Пишувам за применливо знаење, за ставање во функција на креативниот ум, за способност да се логицира, да се донесуваат далекосежни одлуки за сопствената нација. И додека пишувам, прво што ми паѓа на памет е нашето МНР по што веднаш ми се црни пред очи, па пак ја гледам Гамбија која со својата хибридна војна, односно политичка криза се справи толку луцидно. Пазете, Гамбиецов кој се школувал во САД и научил да мисли креативно, користејќи го знаењето стекнато низ релевантни студии редовно читал т.н. дајџестиви од своите образовани советници. И видел дека Вашингтон и Лондон уште во 2012 година ја ставиле на линија на огнот на прокси војните закажани за 2013 година и неговата земја, покрај Сенегал, Буркина Фасо, Гвинеја и Франција (!?). Е сега, што мислите, зашто Македонија толку често кризира, а ние немаме информации кои предупредуваат на такви дејства? Па зашто има такво МНР со кадри кои од политика знаат само како се пие шампањ.
Не е така? Е, па ај сега од временска дистанца од четири години, може ли да ми каже што мајка бара на линија на огнот да се проектира Франција и тоа во 2012 година, ем како муштерија за војување на далечински ем столб на ЕУ, па партнер и во војни и во мир. Е, само тој мал податок, веднаш ќе ви ги објасни случаите на терористички напади врз „Шарли Ебдо“, па на рок-концерт, па судирите со емигрантите, с` до уцената на Оланд да го прифати ТТИП-договорот ,,за слободна трговија“ и предварително да ги шитне водите, да го укине работничкото законодавство, да го кризира земјоделството, да се задолжува кај ММФ. Патем, Франција е толку веќе презадолжена што сериозно и конкурира и на Италија и на Шпанија. Тоа што сега го преживува оваа европска држава, ете си било испланирано. Kако ќе се извлече од кризава, ќе зависи од способноста на креативните умови.
И кога сме кај нив, многу пријатно се изненадив дека во Хрватска, студентите и професорите, родителите и нивните деца со автохтониот активистички волонтерски сервис организираа синхрони протести против обидот на новата хибридна хрватска влада да го укине отпочнатиот реформски процес во образованието кој треба да воведе применливо знаење. Оти овие разумни Хрвати сметаат дека без вакви реформи, Хрватска ќе нема конкурентна позиција, дека без такви кадри нема да може да напредува на ниту еден план. Што ќе го доведе во прашање и нејзиниот опстанок. Што е обратно од нашите лански пленум – востанија кои бараа владата да ги сопре сите реформи кои водат кон знаење, активно мислење и креативност. „Нашиве“ пленумџии на чело со „угледни“ професори без професионална евалвација, ги тераа децата и родителите им да се бунат против математиката, науката, знаењето, мислењето и бараа нивните деца да ги „учат“ неписмени и неодговорни полуинтелигенти.
Судбина. Македонија, земја од која тргнале две просветителски револуции, дејците што креирале две азбуки и описмениле половина Европа, просторот кој ја извел првата религиско-просветителска и филозофска европска револуција преку богумилите, денес како свој избор го има најнеграмотното, најнеспособното и најсуетното универзитетско-интелектуално-политичко милје кое ја дави нацијата.
***
ОДГОВОР НА ДВЕ ПИСМА:
За Борјан Јовановски
Го известувам адвокатот, кој во име на својот клиент Јовановски бара да му се извинам за изнесени клевети и навреди со кои се нарушувала честа и угледот на неговото семејство, дека тоа нема да го сторам. Причините ќе ги соопштам на суд.
Одговор до некој полициски службеник
По повод содржината на демантот и фактичката грешка за која говори господинот во врска со информацијата за поврзаноста на сопругите на истакнати службеници на МВР со странските амбасади како домицилен ,,стаф“ ќе го кажам следново наместо извинување. Фактичка грешка би била ако неговата сопруга не била вработена во странско дипломатско претставништво. Но, во никој случај не може да го смета како моја професионална грешка тоа што дотичната во меѓувреме се развела со службеникот на МВР, односно тој од неа. Тоа не го прави нерелевантен изнесениот податок. Јас како новинар не сум должна при информирањето да се интересирам за тековниот брачен статус на ликовите што ги спомнувам, оти се работи за интимен момент кој не е од широк јавен интерес и не ја менува суштината на информацијата.Некои, таквите субјекти ги викаат стандардно марионетски влади во банана држави, квислиншки влади во окупирани земји, провизориуми во колонии и губ