Ќе се оди пред домот на Крсто Муковски со сенароден протест!

Ве известуваме дека движењето против уставните промени „Македонија Блокира“ во текот на следните денови ќе ги одржи следните активности:
-Во среда,на ден 07.11.2018 г.,ќе одржи народен собир во Вевчани со почеток во 19:00 часот при што ќе биде посетен домот на пратеникот Крсто Мукоски и ќе му биде врачено протестно писмо во врска со неговото гласање за уставните измени и воедно од него ќе биде побарано да ја промени својата одлука при повторното гласање во собранието на Р.Македонија кога ќе биде потребно двотретинско мнозинство за потврдување на уставните измени.
-Во сабота,на ден 10.11.2018 г.,ќе одржи народен собир во Охрид со почеток во 18:00 часот на широчината непосредно до хотелот „Ројал Вју“.Оттука поворката ќе се упати кон домовите на пратениците Сашо Василески и Љубен Арнаудов при што и нив ќе им биде врачено протестно писмо во врска со нивното гласање за уставни измени и воедно и од нив ќе биде побарано да ја сменат својата одлука при повторното гласање во собранието на Р.Македонија кога ќе биде потребно двотретинско мнозинство за потврдување на уставните измени.
Она што го бараме од горенаведените пратеници е само да ја испочитуваат вољата на граѓаните кои ги избраа да ги застапуваат во собранието на Р.Македонија и истата да не ја погазуваат по втор пат.
Исто така нагласуваме и апелираме до сите учесници во собирите на ДОСТОИНСТВЕНО И РОДОЉУБИВО однесување,затоа што тоа се нашите најголеми и најсилни оружја во овие деликатни моменти.Поради веројатноста од уфрлени провокатори кои би се обиделе да предизвикаат инциденти и со тоа да нанесат штета на нашето движење и нашата борба предупредуваме дека евентуални инциденти на поединци НЕМА ДА БИДАТ ТОЛЕРИРАНИ и истите ќе бидат веднаш пријавени на службите на редот.
Се вели во соопштението на “Македонија блокира

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.