Семејството на Мукоски среде контроверзите за промена на Уставот добило владин тендер од над 680 илјади евра

Семејната фирма на пратеникот Крсто Мукоски обвинет за тероризам за 27 април и еден од осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени од државата добила тендер вреден над 680 илјади евра. Потписник на договорот кој вреди над 680 илјади евра во име на фирмата Атриум од Вевчани е Бобан Мукоски.
За овие пари фирмата на Мукоски ќе треба да врши тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје.
Според тендерот фирмата на Мукоски треба да врши градежни, градежно-занатски, занатски, инсталатерски и други услуги за тековно и инвестиционо одржување на станбениот и деловниот простор и други објекти со кои стопанисува Акционерското друштво и обврски во гарантен рок, согласно описот на позициите дадени во тендерската документација за Подружница Скопје, Подружница Битола, Подружница Велес, Подружница Куманово, Подружница Кавадарци, Подружница Кочани, Подружница Штип, Подружница Тетово, Подружница Кичево, Подружница Охрид, Подружница Струмица, Подружница Прилеп, подредени по листи.
Крсто Мукоски е човекот што прво ја пееше македонската химна и ги отвори вратите на Собранието на 27 април 2017 горина а на 19 октомври годинава беше пуштен од притвор за да може да гласа за промена на уставот и уставното име.
Мукоски подоцна беше дел од преговорите што групата од 8 пратеници со премиерот Заев ги водеше за содржината на уставните амандмани и амнестијата.
Доколку нема нов устав и амнестија Мукоски може да одлежи најмалку 10 годишна казна затвор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.