Луксузниот брод „Карнивал Триумф“ остана во неделата без погон среде Мексиканскиот залив по пожарот во делот кај моторите.Светските медиуми јавуваат дека ситуацијата на бродот е драматична откако снемало струја, а веќе некое време не работат тушевите, тоалетите и клима уредите. Патниците по четири часа чекаат во редици за храна, а избувнаа и првите тепачки за храна.Описите на сведоците од бродот се крајно драматични: патниците спијат на палубата бидејќи во кабините е неиздржливо, водата истекува од запуштените санитарни чворови, теписите во кабините се натопени со урина, а фекалии се излеваат по ѕидовите, пишува „Јутарњи лист“.Бродот „Карнивал Леџенд“, кој припаѓа на истата компанија, дојде на помош на „Триумф“, но таа се сведува само на достава на храна и залихи со помош на чамците за спасување.Шефот на „Карнивал круз лајнс“ Џери Кејхил вети дека парите ќе им бидат вратени на сите патници на „Триумф“, вклучувајќи ги и сите купувања што ги направиле на бродот, со исклучок на сувенирниците и казиното.Патниците ќе добијат и ваучер за следно патување во вредност на пропаднатото патување.Истата компанија е сопственик и на насуканиот брод „Коста Конкордија“.
МакфаксЛуксузниот брод „Карнивал Триумф“ остана во