Киднапирани мажи, жени и деца, закопувани живи, искасапени, протерани, обезглавени. Вака членовите на Исламската држава сеат страв во Сирија и Ирак во обид да наметнат тамошното население да го прифати исламот како единствена религија.На почеток на месецов со солзи во очите, членка на парламентот во Ирак од малцинството Јазиди предупредуваше на геноцидот што се случува таму, молејќи за помош.
– Не` касапат под закрила на изјавата дека „Нема друг Бог освен Алах“. До сега заклаа 500 мажи и машки деца. Додека зборуваме, се случува геноцид врз Јазидите. Браќа, ве молам тргнете ги на страна политичките несогласувања и застанете со нас како луѓе. Зборувам во име на човештвото. Ве молам спасете не`! Умираат деца, стари лица. Нас, жените, не` користат како конкубини! Не` продаваат на пазар! Не` убиваат, не` касапат! Цела религија ќе ни ја избришат, изјави таа низ солзи.
Светските медиуми секојдневно се преплавени со информации за нови напади и нови обезглавувања од страна на џихадистите кои се чини од ден на ден постигнува сериозни успеси во својата цел. Вознемирувачки се видео снимките на кои се гледа како членовите на ИСИЛ буквално вршат егзекуција на мажите, а нивниот екстремизам оди до таму што постојат видео материјали на кои е прикажано како член на ИСИЛ по извршеното убиство го јаде срцето на жртвата.
Последниот случај на обезглавување е објавен вчера. Видео снимката поставена на Интернет од страна на Исламската држава прикажува отсекување на главата на американскиот новинар Џејмс Фоли. Тие тврдат дека чуваат уште еден американски новинар, Стивен Сотлоф и испратиле порака дека неговиот живот зависи од следниот потег на Барак Обама.
Светската јавност беше згрозена и од потегот на Австралијанец кој во Сирија се бори за оваа терористичка организација, кога на својот Твитер профил објави слика од неговиот син како во рацете држи отсечна глава на сириски војник со пораката „Ова е татин син“.
Секојдневниот терор и заканите од џихадистите „Станете муслимани или ќе ве убиеме“, предизвика раселување во овие земји, во обид за спас. Досега џихадистите убија над 500 мажи и деца од Јазидите, а над 20.000 спасот во бараа во планината Синџар без вода и храна во екстремно лоши услови и под опсада на исламските екстремисти.
Американските специјални безбедносни служби прогнозираат задржување на тенденцијата на зацврстување на „Исламска држава“ како резултат на дотокот на нови екстремисти од другите групи.На почеток на месецов со солзи во очите, членка на пар