Крварењето од носот може да биде опасно- Еве како да го спречите

Крварењето од носот е состојба која предизвикува непријатни чувства кај секој човек. Може да биде слабо изразено- капка по капка или пак појако изразено- во млаз.Секако дека првенствено е, да се објасни за настанатата состојба, да се смират емоциите и секако да се превземат сите мерки за да се сопре крварењето. После сопирањето на крварењето секако треба да се најде и причинителот кој довел до таа состојба.
Прочитајте што треба да направите доколку ви крвари носот…

 
1.Седнете исправено и наведнете се нанапред
Со седнувањето го намалувате притисокот на крв во вените на носот, ова го намалува крварењето,а со наведнувањето нанапред го спречувате голтањето на крвта,кое го надразнува желудникот и предизвикува повраќање.
2. Стиснете го носот со палецот и показалецот
Стиснете доволно силно за да се спречи протокот на воздух. Држете го така носот 5-10 минути. Користете ја устата за дишење, ваквиот начин најчесто го спречува крварењето.
3. За да спречите повторно крварење откако претходно престанало, не го чепкајте и не го дувајте носот неколку часа по епизодата на крварење.
4 .Ако повторно се појави крварење издувајте го носот силно за да излезат крвните тромби и прснете во носот деконгестив,потоа применети ги претходните техники за спречување на крварењето.
Кога крварењето од носот може да биде загрижувачко? 
– Ако се јавува многу често и истекува крв во големи количини!
– Ако за време на течењето на крвта чувствувате аритмии (неправилни биња на срцето).
– Ако за време на течењето на крвта чувствувате недостаток на воздух (гушење).
– Чувство на вртоглавица и губење на свеста за време на течењето на крвта.
– Чувство на екстремна главоболка за време на течењето на крвта.
 Секако дека првенствено е, да се објасни за настанатата состојба, да се смират емоциите и секако да се превземат сите мерки за да се сопре крварење

Пронајдете не на следниве мрежи: