Динамо вечерва гостува во Севиља во четвртото коло од Лигата на шампионите, а навивачите на хрватскиот клуб веќе го најавија натпреварот на свој начин.Синоќа тие пристигнаа во Андалузија и веќе направија хаос низ улиците на Севиља. Според информациите оттаму, најголемиот дел од навивачите биле во алкохолизрана состојба, па направиле тепачка во едно кафуле во близина на катедралата при што летале маси и столици.
„Навивачите на Динамо јадеа и пиеја и направија голема галама. Потоа дојдоа навивачите на Севиља и ги нападнаа, но си добија ќотек”, објавија домашните медиуми.
Вечерва на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ се очекуваат да присуствуваат околу 500 фанови на Динамо.Синоќа тие пристигнаа во Андалузија и веќе направија хаос низ улиците на Севиља. Според информациите оттаму, најголемиот дел од навивачите биле во