Крвавата битка кај Мечкин Камен

Битката кај Мечкин камен е една од најголемите и најкрвавите борби во екот на Илинденското востание, битката се одиграла кај градот Крушево.На 3 август 1903 година е прогласена Крушевската република. На 12 август повеќе од десетилјадна армија на Бахтиар паша го опкружува Крушево. На седницата на војводскиот совет е решено сите чети да се повлечат од градот, но војводата Питу Гули го напуштил собранието и одлучил да се бори, така од 1200 четници во градот, само неговите 370 заминале да го бранат.
Четниците на Питу Гули се утврдиле на Мечкин Камен – скалесто плато на Биринска Планина, која е падина од Баба планина. Питу Гули пред самата борба одржал говор и заповедал поради ограничените резерви на муниција, да не се пука сè додека турците не се доближат блиску. Одредот се поделил на 9 чети, една под команда на Питу Гули, а другите под команда на осум други војводи кој стоеле на чело на селските милиции. Турците настапувале од три страни – од селата Бирино, Журче и Острилци.
Борбата започнала во 10 часот наутро, откако четниците го задржале башибозлукот нападнала редовната армија. Во 19 часа приквечер Мечкин Камен бил опколени и Турците започнуваат со решителен напад. При нападот загинале најпрво Георги Димев и неговиот заменик Нове Смугрев.
Во жестока борба Питу Гули станува и почнува да пука и тој паѓа убиен, борбата продолжила, а војводите Блаже и Грлука со еден дел од четниците успеале да избегаат во длабоката река и да се сокријат во шумата. Во оваа битка загинале 40 комити.
И покрај победата на Мечкин камен, Турците продолжуваат да го бомбардираат Крушево, а потоа во градот навлегол башибозлукот и редовната војска. Од мирното население загинаале 117 лица – меѓу нив 15 жени, 5 девојки и 6 деца. 150 девојки и жени се силувани. Изгореле на 159 куќи и 210 дуќани.
НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Илинденско востание – крваво сонце и бесмртна надеж за подобро утре!На 3 август 1903 година е прогласена Крушевската република. На 12 август повеќе од десетилјадна армија на Бахтиар паша го опкружува Крушево. На сед

Пронајдете не на следниве мрежи: