Докторката Душанка Андрејевиќ (29) вчера била убиена од огнено оружје на роботното место во Домот на здравје во Зубин Поток на север на Косово.Директорот на Здравствениот центар во Косовска Митровица, др Милан Ивановиќ изјавил дека докторката искрвавила и дека била донесена во болница без знаци на живот каде безуспешно се обиделе да ја реанимираат.
„Докторката беше донесена без знаци на живот, беа погодени големи крвни садови, брзо искрвави и во болницата во Косовска Митровица е примена без знаци на живот“, вели Ивановиќ.
Докторката била убиена вчера со истрел од огнено оружје изјавил регионалниот шеф на оперативата Жељко Бојиќ.
Тој додал дека докторката била убиена на работното место во Домот на здравје во Зубин Поток во 20:45, кога во нејзе пукал 28-годишниот В. Н. кого полицијата во меѓувреме го уапсила.
„Кај осомничениот е пронајден пиштол со кој, како што се претпоставува, е извршено убиството“, рекол Бојиќ.
Мотивот за убиството, според зборовите на Бојиќ, е најверојатно љубомора, со оглед на тоа што докторката и осомничениот биле во врска. Во тек е истрагата.Директорот на Здравствениот центар во Косовска Митровица, др Милан Ивановиќ изјавил дека докторката искрвавила и дека била донесена во болница без