Крвната група го ОТКРИВА карактерот, но и со кого се сложуваме: Проверете какви сте и кој најмногу ви одговара!

Loading...

Како што постојат компатибилни крвни групи за трансфузија, така некои комбинации се подобри или полоши во меѓусебните односи. Верувале или не, едно јапонско учење вели дека крвната група носи и определени карактерни особини.Поврзаност
Јапонците во 30-тите години од минатиот век, почнале да развиваат теорија за поврзаноста на крвната група и карактерот, а еден од првите кој почнал да се занимава со оваа тематика бил Фурукава Такеј. Во Јапонија, скоро сите знаат која е нивната крвна група, а постојат и компании кои одат до толку далеку, што дури и ги имаат распоредено работниците на работни позиции кои одговараат на нивната крвна група. Во теоријата за врската помеѓу крвта и личноста, Rh факторот не игра никаква улога. Постојат четири крвни групи: 0, А, Б и АБ.
Како се сложуваат?
Постојат научни докази дека помеѓу некои крвни групи полесно се доаѓа до зачнување, а наводно постојат комбинации на крвни групи кои добро функционираат во заедничкиот живот. Луѓето со крвна група А, најдобро се сложуваат со оние од крвната група А и АБ, оние со крвна група Б со оние од Б и АБ, оние од АБ со оние со крвна група 0 и А, а оние со крвна група 0 со оние од крвната група 0 и АБ.
Крвна група 0
Луѓето со крвна група 0, по правило се друштвени и спонтани. Често ги иницираат работите и случувањата, иако многупати нема да го завршат почнатото. Станува збор за креативни луѓе и во своето окружување се популарни и обожуваат да бидат во центарот на вниманието. Имаат поголема самодоверба, отколку припадниците на останатите крвни групи.
Крвна група А
Луѓето кои ја имаат крвната група А, наизглед се чинат како многу мирни и стабилни. Сепак, тие всушност ги прикриваат своите мисли кои никогаш не стивнуваат и знаат да им предизвикаат немир. Тие се големи перфекционисти. Од сите крвни групи, крвната група А е најмногу склона кон уметноста и таквиот вид на истражување. Најчесто, овие луѓе се малку повлечени, приземни и чувствителни.
Крвна група Б
Луѓето кои ја носат крвната група Б се приземни и во својот живот често се ориентирани кон остварувањето на своите цели. Токму поради тоа, тие се одлични работници и не се откажуваат од своите идеи, сѐ додека не ги спроведат. Таа упорност може многу скапо да ги чини во емотивниот живот – знаат да инсистираат на врски кои инаку не се функционални. Од сите групи, тие се најголеми индивидуалци и копнеат да бидат поинакви од останатите.
Крвна група АБ
Луѓето кои ја носат оваа крвна група, всушност се карактерна комбинација на крвната група А и Б, во која секогаш една од нив е повеќе застапена од другата. Прочитајте ги описите и пронајдете го оној кој најногу ви одговара, а заедничко им е тоа што се одговорни, стабилни и секогаш сакаат да им помогнат на другите.Поврзаност
Јапонците во 30-тите години од минатиот век, почнале да развиваат теорија за поврзаноста на крвната група и кар

loading...
Loading...