Крвната група открива на кои болести сте подложни: АБ укажува на рак на желудникот…

Добро е да знаете за која состојба се работи за да можете со исхрана и здрав начин на живот да го спречите она најлошото.По долгогодишни истражувања, научниците и докторите дошле до заклучок дека со оглед на тоа дали сте крвна група А, Б, АБ или 0, постои поголема шанса дека ќе имате одредени здравствени проблеми. Затоа добро е да знаете за која состојба се работи за да можете со исхрана и здрав начин на живот да го спречите она најлошото.
Поблеми со помењето
Како што пишува списанието Norology лицата со крвната група АБ имаат зголемен ризик од когнитивни оштетувања. Тоа посебно се однесува  на луѓето во подоцнежното животно доба, кои би можеле потешко да помнат и да учат како што стареат.
„Знаеме дека крвната група АБ ги одредува ефектите поврзани за згрутчувањето на крвта- објаснува коавторката мери Кашман, инаку професорка по медицина и патологија на Универзитетот во Вермонт. Додава дека тоа може да објасни зошто луѓето со крвна група АБ имаат тенденција да добијат проблеми со помнењето, но се уште не е точно познато зошто се случува тоа.
Друг проблем во врска со оваа кррвна група е ризикот од рак на желудник. Лицата со крвна група АБ имаат дури 26 проценти поголема шанса да заболат од таа подмолна болест за разлика од оние кои имаат крвна група 0 или Б. Научниците велат дека причината е во бактеријата Helicobacter pylori, а лицата со АБ крвна група потешко се борат против неа.
Чирови
Додека споменатата бактерија кај луѓето со крвна група Аб може да доведе до рак на желудникот, лицата со групата 0 имаат зголемена шанса да добијат чир на желудникот. Групата 0 некако го модифицира имуниот систем кога ќе го нападне Helicobacter pylori бактеријата, но научниците се уште не откриле на кој начин.
Имате крвна група АБ? Лошо ви се пишува

Срцеви заболувања
Во овој случај луѓето со крвна група 0 се во предност во однос на другите групи за дури 13 проценти, заклучува едно истражување на престижниот Универзитет Харвард. Личностите со крвна група АБ и Б се со најголем ризик  за срцеви болести, покажала нивната студија. Авторите велат дека одредени крвни групи  се поврзани со поголема стапка на воспаление, што делумно може да ја објасни оваа врска со срцевите  болести.

Рак на панкреас
Иако тоа не е намерата на истражувањето, уште еднаш во предност е крвната група 0. За разлика од останатите групи, крвната група 0 има 37 проценти помалку шанса да заболи од рак на панкреас, кога ќе се спореди со останатите. Така тврди истражувањето на  Journal of the National Cancer Institute. И овој пат научниците случајот го поврзале со бактеријата  Helicobacter pylori.
Научниците нагласуваат дека се уште не е јасно колку всушност е голема улогата и влијанието на крвната група на одредени болести иако дефинитивно постои поврзаност.По долгогодишни истражувања, научниците и докторите дошле до заклучок дека со оглед на тоа дали сте крвна група А, Б, АБ или 0, постои поголема шан

Пронајдете не на следниве мрежи: