КРВНИЧКА ПРЕСМЕТКА: Авион морал да слета поради тепачка меѓу две стјуардеси!

На летот 2598 на „Делта Ерлајнс“ од Лос Анџелес до Минеаполис, дојде до тепачка помеѓу две стјуардеси. Летот поради тоа мораше да скршне од насоката, па проблематичните стјуардеси беа исфрлени од авионот во Солт Лејк Сити.Авионот се задржал околу 80 минути додека не била пронајдена замена за стјуардесите, а во Минеаполис пристигнал со задоцнување од 75 минути.
До караницата дошло 40 минути по полетувањето. Двете стјуардеси се карале околу распределбата на обврските, што прераснало во тепачка.
Компанијата официјално им се извини на патниците за несреќната случка:
„Некои од членовите на нашиот тим не се однесуваа најдобро. Од сите во тимот очекуваме учтивост и професионалност во сите ситуации, а она на што сведочевте е далеку од тоа. Жал ни е што не успеавме да ги исполниме очекувањата на нашиот бренд.“Авионот се задржал околу 80 минути додека не била пронајдена замена за стјуардесите, а во Минеаполис пристигнал со задоцнување од 75 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи: