четврток, 12 ноември 2026
Најново

Крводарителска акција во чест на Тоше во Дом на АРМ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Традиционалната крводарителска акција посветена на Тоше Проески по повод денот на неговото раѓање (25 јануари) ќе се одржува денеска во холот на Дом на АРМ во Скопје од 10 до 17 часот.Организирана е од Црвениот крст на Град Скопје, Црвен крст Гази Баба, Институтот за трансфузиска медицина, Тоше фан клубот и со поддршка на волонтерите од Клуб 25.

– Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин, соопшти Црвениот крст на Град Скопје.
Денешната ќе биде 12-та крводарителска акција во чест на Тоше (1981-2007). Традицијата почна во 2010 година и оттогаш акции се одржуваат двапати во годината – во јануари и во октомври.
Во изминатите 11 крводарителски акции во спомен на Тоше Проески  3.300 лица дарувале крв.
Организирана е од Црвениот крст на Град Скопје, Црвен крст Гази Баба, Институтот за трансфузиска медицина, Тоше фан клубот и со поддршка на волонте

Поврзани вести