Крвта на преживеаните од ебола ќе се употреби како опција за лекување!

Една меѓународна група на научници ќе тестира дали антителата од крвта и серумот од преживеаните од ебола се безбедни и дали можат да им помогнат на инфицираните луѓе. Испитувањата треба да започнат за неколку недели во Гвинеја. Научниците, предводени од Институтот за тропска медицина (ИТМ) во Антверпен, добиле 2 900 000 евра од ЕУ за започнување на проектот.
Ако пробното испитување се покаже како успешно, тогаш крвта и серумот од излечените пациенти од ебола – таканаречен ковалесцентен серум – може да бидат клучни во обезбедување на краткорочни третмани за пациентите во западна Африка, додека се развиваат лековите и вакцините.
СЗО препорачува крвта од преживеаните од ебола и серумот од терапиите,  да бидат приоритет
Во септември, експерти од СЗО, по состанокот за третамите и вакцините за ебола, изјавија дека „употребата на крвта од терапиите и ковалесцентните серуми, треба да се сметаат како приоритетно прашање“.
Д-р. Јохан ван Гринсвен, истражувач во ИТМ и координатен истражувач на проектот, вели дека третманите со користење на крв и плазма, се спроведуваат долго време и се покажаа како безбедни за други заразни болести. Тој додава:
„Ние сакаме да дознаеме дали овој пристап функционира и кај еболата, дали е безбеден и дали може да се пушти во пракса, за да се намали бројот на смртни случаи во моментов“.
Д-р Гринсвен сугерира дека доколку луѓето во заедниците помагаат во запирање на епидемијата преку донирање на крв, нема да мораат да се плашат повеќе и ќе бидат поприфатени во третманот.
Крвта и плазмата од излечените пациенти, порано се користеше за да се лекува еболата. При појавата на епидемијата во Киквит, ДР Конго, во 1995 година, 8 пациенти биле третирани со ковалесцентен серум, од кои 7 преживеале. Но, сепак не е јасно дали би преживеале во секој случај, па оттука и потребата за внимателно воспоставени и контролирани испитувања. Научниците, предводени од Институтот за тропска медицина (ИТМ) во Антверпен, добиле 2 900 000 евра од ЕУ за започнување на

Пронајдете не на следниве мрежи: