Лука Кржалоски, претседател на градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денес на прес конференција потсети на реконструкцијата на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, проект кој е инициран од самите студенти.-Денес се наоѓаме пред градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со цел да потсетиме за реконструкцијата на оваа култна градска библиотека. Студентите, но и сите љубители на книгата, од идната година ќе може да го користат новиот амбиентален простор токму на оваа библиотека. Се работи за ставање во употреба на вториот кат, кој беше вон функција, со капацитет над 200 места, воведување на кабини за групно и индивидуално учење, како и просторија за користење на компјутерите, истакна тој.
Сите овие идеи потекнуваат токму од студентите. Ќе се реновира и првиот кат на библиотеката со цел да се подобрат условите за студирање.
-Во минатото студентите веднаш доаѓаа тука за да учат, тоа во иднина нема да биде така, со тоа што оваа библиотека ќе добие комплетна реконструкција. Би сакал да истакнам дека ВМРО-ДПМНЕ покрај оваа реконструкција ќе ја реконструира и универзитетската библиотека. Целосно е реконструирана читалната „1000 книги“, којашто е во одлична функција. Најавено е и нова читална, при палатата „Дамјан Груев“ на градскиот плоштад, како и нови читални во Струга, Прилеп, Струмица, Гевгелија, Велес и Аеродром, изјави Кржалоски.
Со ова ќе се подобрат условите за студирање, но ќе се зајакнат и капацитетите за студирање коишто ги користат самите студенти.-Денес се наоѓаме пред градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со цел да потсетиме за реконструкцијата на оваа култна градска библиоте