Академијата за шминкање MUA го лансираше лакот за нокти во пет нијанси, кој има ефект на крзно. Неговата цена изнесува 3 фунти. Кога ќе го премачкате преку обичниот лак за нокти кој сеуште не се исушил, ноктите добиваат изглед како да се направени од плишан материјал и на допир се многу меки.
Ноктите со текстура се многу интересни. До сега, на пазарот се појавија лакови кои наликуваат на кавијар, на кожа, па дури и на бетон, а од светските звезди обожуваат да ги користат Ријана, Кети Пери, Блејк Лајвли и други…
Меќутоа, постојат и клиентки кои се незадоволни. Тие тврдат дека ваквите лакови насекаде се лепат, дека лесно се размачкуваат по предметите кои ги земате во раце, но оние пак кои се задоволни, велат дека се среќни што не мораат лакот да го нанесуваат со голема прецизност.Што мислите вие, за овој тренд? Ви се допаѓа ли?
Извор. lady.mkАкадемијата за шминкање MUA го лансираше лакот за нокти во пет нијанси, кој има ефект на крзно. Неговата цена изнесува