четврток, 12 ноември 2026
Најново

Куче нападна 14- годишно девојче

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вчера во 14 часот и 20 минути во Ургентното одделение на гостиварската болница било донесено 14-годишно девојче од село Симница со тешки телесни повреди. Во извештајот од МВР се вели дека по укажаната лекарска помош, девојчето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Девојчето се здобило со повреди додека пеш се движело по улица во село Долна Бањица, при што било нападнато од куче-бездомник и бегајќи од кучето, таа паднала и се повредила. Во извештајот од МВР се вели дека по укажаната лекарска помош, девојчето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Поврзани вести