Управителка на продавница во местото Клинтон во јужна Калифорнија се изненадила кога обидувајќи се со помош на безбедносните камери да открие кој ја поткраднува, открила дека крадецот е домашното милениче на нејзина сограѓанка.Како што покажуваа снимките од безбедносните камери, песот стрпливо чекал пред врата да ја отвори некој од купците, потоа ќе се протнел, ќе зграпчел вреќичка со храна за куќиња, како сушени свински уши или говедски коски, и ќе истрчал надвор од продавницата. Пленот го носел во блискиот сервис за миење коли и го закопувал во дупки кои претходно ги ископувал.
Локалната полиција сосема сериозно составила записник за серијата кражби и како идентитет на осомничениот навела „голем пес хаска”, а како вид на пријавениот инцидент запишала „пес – џепчија”. На Хали Дарден, сопственичката на песот по име Като, за кој вели дека често бега од синџирот за водење, полицајците ѝ соопштиле дека тоа било најдоброто апсење во нивните кариери.
Управителката на продавницата, според полицискиот записник, решила да не подигнува тужба против Като, а тоа нема да го стори ниту полицијата, иако наведува дека станува збор за „рецидивист”.
Извор: think.mkКако што покажуваа снимките од безбедносните камери, песот стрпливо чекал пред врата да ја отвори некој од купците, потоа ќе се протнел, ќе зграпче