Кучето знаело дека девојчето има леукемија: Не сакало да се оддели од неа се додека не ја однеле во болница!

Уште еднаш се докажа теоријата дека кучињата се најдобрите пријатели на човекотТригодишната Пипа Вудс била сосем нормално и темпераментно дете, и никому не му паѓало на памет дека ракот и го уништува организмот. Сепак, тоа го почувствувало нејзиното куче и и го спасило животот.
Кучето на семејството Вудс, шкотскиот овчар Беси, е заслужен за тоа што денес Пипа е жива и има големи шанси повторно да биде здрава.
Имено, родителите Пола и Филип Вудс забележале дека Беси се однесува многу чудно кога е во близина на Пипа. Паметното куче на сите можни начини се обидувало да го скрене вниманието дека нешто се случува со малото девојче.
По некое време, Беси веќе не сакала да се помести од Пипа, а кога нејзините родители се обиделе да ги разделат, кучето цело време цивкало.
Пола и Филип сфатиле дека веројатно би било паметно да ја однесат ќеркичката нарутинска контрола, а по резултатите од крвната слика, таа била испратена на дополнителни анализи, каде е констатирано дека боледува од акутна лимфоцитна леукемија.
Семејството е скршено. Таа веднаш почнала да прима хемотерапија, а белите крвни зрнца за среќа постепено и се стабилизираат. Сепак, потребни се уште неколку тури пред да се констатира подобрување.
Лекарите се оптимисти: Одушевени се од реакцијата на нејзиниот организам и сметаат дека до 2018 година Пипа ќе биде целосно здрава.
Верувам дека терапијата имаше ваков ефект, само затоа што леукемијата е откриена многу рано. За се е заслужно нашето куче Беси, говори низ солзи Пола Вудс.
Битката се уште не е завршена, но благодарение на верниот пријател на Пипа, таа добила втора шанса.Тригодишната Пипа Вудс била сосем нормално и темпераментно дете, и никому не му п

Пронајдете не на следниве мрежи: