Ширум Азија, посебно во Виетнам, Кина, Јужна Кореја и на Филипините, кучињата се ловат, мачат и се држат во кафези, за на крај да бидат сурово убиени. Овие животни поминуваат низ вистински пекол.Можеби е невкусно за кажување, но на овие заробени кучиња смртта им доаѓа како спас од секојдневните тортури. Голем број кучиња се држат во кафези во кои буквално се гушат во сопствената урина.
Трговијата со кучиња претставува вистински бизнис во земјите од Азија. Еден од предводниците е и Тајланд, во кој во изминатите неколку месеци исчезнале повеќе од 3.000 кучиња. Криминалците дури крадат и кучиња кои се домашни миленици, бидејќи тие животни се попитоми.
На прашањето, односно на обвинението дека на ѕверски начин се ловат и убиваат кучињата, еден Виетнамец возвратил со прашањето: Дали во Америка и во Европа водат сметка за тоа како се убиваат прасињата?
Во Ханој постои пракса да се продаваат кучиња на месарниците и рестораните. Кучињата ги колат по неколку дена. Месото од убиените животни се продава на уличните тезги во тој град.
Било кој празник не може да помине без кучешко месо на масата. Жителите на Ханој даваат слични одговори на прашањето дали знаат од каде им доаѓа месото и како страдале животните:
– Не знаеме и не ни е гајле. Нас нѐ интересира само дали месото е вкусно, или не, се нивните одговори.
Погледнете го видеото:
Можеби е невкусно за кажување, но на овие заробени кучиња смртта им доаѓа како спас од секојдневните тортури. Голем број кучиња се држат во кафези



