Кучињата во Кина: Некогаш ги јаделе, а денес им го прават ова…

Кинезите полудеа по овие кучиња кои изгледаат како панди. Не станува збор за нова раса кучиња, туку за чау чау кучиња кои се ишишани и исфарбани за да изгледаат како панди.Шин Чен, кој е сопственик на пет шоп во градот Ченгду, изјави за медиумите дека не може да ја задоволи побарувачката на Кинезите кои сакаат на овој начин да си ги уредат кучињата.
– Пред десет години во Кина беше нормално да се јадат кучиња, сега како „западњаците“ ги држиме како миленици. Омилените лабрадори и француски булдози ги заменија „панда кучиња“, изјави Шин Чен.
Тој додаде дека е доволен мал козметички третман кој вклучува фарбање и шишање и кучето се претвора во слатка панда. Чен објасни дека уредувањето трае околу два часа, како и дека панда кучето околу шест недели ќе го има овој изглед. Потоа треба да се повтори третманот.
– Цената на така уредените чау чау кучиња е поголема од оние кучиња што не го поминале козметичкиот третман. Меѓутоа, на Кинезите цената не им е битна, бидејќи им е поважно да се пофалат дека имаат „панда куче“, заклучува кинескиот сопственик на пет шопот.
Шин Чен, кој е сопственик на пет шоп во градот Ченгду, изјави за медиумите дека не може да ја задоволи побарувачката на Кинезите кои сакаат на овој

Пронајдете не на следниве мрежи: