Куќата од филмот Scarface се продава за 35 милиони долари

„Ова е рај, ти велам…“, па фановите на филмот Scarface ќе го знаат остатокот од репликата. Сега, ова парче од рајот е на продажба!Големата неокласична вила во која живееше Тони Монтана и неговиот Мал Пријател, може да биде Ваша – и тоа за 35 милиони долари!
Вилата се наоѓа во ридовите Монтесито, Калифорнија (не во Флорида, како што беше прикажано во филмот). Имотот Ел Фуреидис доаѓа со 10 хектари земја, базени и прекрасен медитарнски стил на уредување. Вилата има приближно 1000 метри квадратни луксузни соби, вклучувајќи 4 спални соби, библиотека, трпезарија со таван кој е позлатен со 24 каратно злато и салон.
И да, не грижете се за штетата која што беше предизвикана во големата и епска пукотница на крајот од филмот: вилата скоро беше реновирана. Реновирањето чинеше „скромни“ 1 милион долари.
Доколку сте заинтересирани да излезете со понуда, стапете во контакт со Емили Мекбрајд од компанијата Village Properties.
Големата неокласична вила во која живееше Тони Монтана и неговиот Мал Пријател, може да биде Ваша – и тоа за 35 милиони долари!
Вилат

Пронајдете не на следниве мрежи: