Сите од мали сме сонувале за прибежиште високо во крошните на дрвјата, мал простор само за нас. Совршени места создадени да ве одморат од модерниот живот, да ве поврзат со природата и да го разбудат детето во нас.Токму ова е темата на серијалот “Куќичка на дрво од бајките”кој се враќа на голема врата на Discovery Channel од 1ви април од 20 часот. Во третата сезона, гледачите ќе имаат можност да го проследат величествениот свет високо во крошните на дрвјата низ кој ги води визионерот т.н.“Шептач на дрвја” Пете Нелсон. Тој наоѓа начин мирната и кротка природа да ја претвори во совршени засолништа и приватни оази за оние кои повторно сакаат да се поврзат со природата и да го разбудат детето во себе. Пете оди до крајни граници како би создал прекрасна реалност за своите клиенти, од проектирање на спални соби во куќите на дрвјата досите функционалности како струја и вода. Неговото портфолио е преполно со авантуристички куќи на дрвја кои служат за вежбање,а кои вклучуваат жици и лулашки, мостови инспирирани од Индијана Џонс и тајни премини. Прилогодувањето со превртливоста на Мајката природа секогаш е најголем предизвик за Пете и неговиот тим. Во претстојните епизоди, Пете создава медитациска соба со ѕид од сол во куќата за супер-зен брачен пар, како и лебдечка куќичка на дрвјата во Мајн.
Покрај изградбата на овие засолништа, Пете, заедно со неговата сопруга Џуди е сопственик на пансионот Treehouse Point во Вашингтон кој освен како преноќиште со појадок, на луѓето им нуди и бегство од модерниот свет.Токму ова е темата на серијалот “Куќичка на дрво од бајките”кој се враќа на голема врата на Dis