Куќниот притвор за Талески останува, дали Судот ќе го задржи истиот критериум и за криминалот со превозот во општина Струмица?

Апелацискиот суд го потврди решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје за изрекување на мерката куќен притвор за градоначалникот на Општина Битола Владимир Талевски, соопшти Основниот суд Скопје 1 – Скопје.-Апелацискиот суд Скопје до Основен суд Скопје 1 – Скопје ја достави одлуката за осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“ со која се потврдува решението на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје, а со тоа мерката куќен притвор останува за истиот, се наведува во соопштението обајвено попладнево на веб страницата на овој Основен суд.
Ова е одлуката на Судот, кој континуирано беше под притисоци и уцени од страна на СДСМ и меѓународни претставници.
Во отсуство на поддршка од народот, главните инструменти кои им остануваат на СДСМ се СЈО и притисокот врз судот. Одлуката за притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, е типичен пример за потклекнување на дел од судството на бруталниот и невиден притисок на СДСМ врз судот.
Во јавноста нема дилеми дека станува збор за класична политичка хајка, бидејки е јасно дека Талевски постапувал законито кога станува збор за превозот на ученици.
Но, она што е вистински скандал е тоа што СЈО молчи кога станува збор за Струмица и превозот кој го организирал Зоран Заев, односно Катица Јанева нема намера кривично да го гони струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, иако струмичани плаќале поскап превоз.
Општина Струмица плаќала речиси двојно поскап превоз од Битола, а дел од тие пари завршувале во рацете на фирмите на функционерот од СДСМ Лефтер Андонов.
Но, истрага се води само за градоначалникот на Битола Владимир Талески, а Зоран Заев е амнестиран од било каква одговорност.
Јавноста пак очекува ист третман и кон криминалот на Заев. Па оттука се поставува и прашањето: Ќе го задржи ли Судот истиот критериум и за криминалот поврзан со превозот во општина Струмица?-Апелацискиот суд Скопје до Основен суд Скопје 1 – Скопје ја достави одлуката за осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на СЈО во јавно

Пронајдете не на следниве мрежи: