Кулминира апсурдот на стратезите на СДСМ, откако во јавоста се појавија информациите дека предвремените парламентарни избори ќе бидат одржани на 24-ти април, согласно пржинскиот договор.Главниот опозициски стратег и еден од неформалните советници на опозицискиот лидер Зоран Заев, Бранко Героски го достигна врвот на апсурдноста кој владее во СДСМ, откако одржувањето на собраниска седница го прогласи за државен удар.
-Според изведбата и намерите, оваа операција наликува на класичен државен удар, нов црн понеделник, велат експертите, пишува порталот на Героски, без притоа да потенцира кои се тие експерти кои имаат ваков став.
Предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април, како што е предвидено со Договорот од Пржино од 15 јули и измените на Изборниот законик. Ова е одлуката која акламативно ја донеле двете владејачки партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во своите партиски тела. Извршниот комитет на денешната седница акламитвно донел одлука изборите да се одржат на 24 април.
Собранието на РМ денеска во 17.00 часот ќе одржи седница на која ќе треба да се констатира оставката на премиерот Никола Груевски кој тој ја поднесе пред неколку дена за да го запази рокот за негово повлекување 100 дена пред предвремените парламентарни избори.
Седницата е закажана откако двете владејачки партии констатираа дека изборите сепак ќе се одржат на 24 април како што предвидува договорот од Пржино од 15 јули, кога сите лидери го усогласија и го прифатија овој термин.
Неизвесно е дали по оваа седница, вечерва ќе биде закажана и нова седница за избор на владата која ќе ги организира изборите. Како што е познато, согласно договорот од Пржино и измените во законот за Влада, ВМРО-ДПМНЕ одреди нов мандатар за оваа влада да биде партискиот секретар и пратеник Емил Димитриев.Главниот опозициски стратег и еден од неформалните советници на опозицискиот лидер Зоран Заев, Бранко Героски го достигна врвот на апсурдноста кој