????????? ?????? ?? ????- ??????????? ???????? ?? ???????????? ??? ?????? ????????

„Еден метак кошта 2 евра, а за тоа немаш одбрана со кум ти“ – Ова се дел од заканите кои преку Фејсбук до бизнисменот Орце Камчев и екс-шефот на ДБК Сашо Мијалков ги упати криминалецот Даниел Трајковски – Близнак, висок функционер во СДСМ и најблизок соработник на Зоран Заев и Петре Шилегов, пишува порталот „Журнал“.Како по некое правило, секогаш кога Зоран Заев е „притиснат до ѕид“, бара „излез“ со помош на светот кој го импонира – светот на криминалците. Со наближувањето на изборите и Заев и цел СДСМ знаат дека ќе мораат да се соочат со неизбежниот пораз, па во таква ситуација, Заев често знаел да го изгуби тлото под нозете и да активира драстични сценарија. Меѓутоа се чини дека во моментов потполно се изгубил себеси, бидејќи неговите криминални послушници започнаа да се закануваат со ликвидации.

-Даниел Трајковски – Близнак е познат криминалец и висок партиски функционер во СДСМ. Тој заедно со неговиот брат Дејан, кој исто така извршува високи партиски задачи во СДСМ, имаат богати досиеја и се многу добро познати на полицијата, но и на многуте граѓани кои ги тероризирале досега. „Близнаците од Ѓорче“ поради своето агресивно однесување и изживување со недолжни граѓани успеале да се зближат со двоецот Заев-Шилегов, а додека Оливер Спасовски беше технички министер често беа забележувани и во негова близина, пишува Журнал.
 
И двајцата и се добро познати на полицијата бидејќи заедно во своето полициско досие имаат 21 кривична пријава. Дејан Трајковски е и осудуван на казна затвор во траење од 5 години и 2 месеци. Меѓу делата кои им се ставале на товар се напад на службено лице, криумчарење, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали, напад со орудие опасно по живот при тепачка, учество во толпа, фалсификување на исправа, употреба на лажни податоци, давање на лажен исказ и загрозување на општа безбедност, пишува порталот.
Токму Дејан Трајковски во моментов е во бегство и по него полицијата трага со потерница за убиство во обид. Но, и кога Дејан не е тука, Даниел ја продолжува задачата според насоките на неговите партиски другари.

Даниел Трајковски е човекот кој стои зад профилот Перла Трајковска, крстен по името на неговото куче, а украсен со слика од Мајкл Корлеоне.

-Се чини дека сега Трајковски токму во улогата на „куче на војната на Заев“ со која сака да дојде на власт ги упатува жестоките закани преку социјалните мрежи во кои пишува дека „ќе купел два куршуми за 4 евра“ со кои планирал да ги убие бизнисменот Орце Камчев и екс-шефот на ДБК Сашо Мијалков, а сличен план ковал и за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пишува Журнал.

Тој дури и се фали дека сето ова ќе го реализирал со поддршка од американската амбасада („газдите на светот“) од која наводно имал и поддршка да ограбел десетици милиони евра.

Со ваквите пораки кои ги праќа Заев преку неговите соработници-криминалци, очигледно е дека аболицираниот лидер на СДСМ ќе има уште пожестоки обиди да ја втурне Македонија во подлабоки кризи, само за да не се соочи со одговорноста за неизбежниот изборен пораз.
Оваа тактика на Заев кој на припомош повикува докажани криминалци не е нова. Заев сакаше без избори да дојде на власт, за што се здружи со криминалци и „чадори“. Сакаше да го руши рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, не со проекти и програма на СДСМ, туку со измислување и фабрикување афери, за што го активираше својот близок соработник Захир Бекири – Чауш. Чауш за Заев фалсификуваше документи со кои беа фабрикувани афери во корист на СДСМ и чуваше 70.000 разговори кои наводно завршувале и на црниот пазар во Косово, а биле наменети за уценување на политичари во Македонија.

Откако не успеа со Чауш, со помош на СОРОС ја активираше т.н. платеничка Шарена револуција која направи штети од стотици илјади евра преку вандализирање државен имот, сквернавење споменици, палење и кражби, а за чии потреби беа употребени докажани криминалци блиски до СДСМ со богати досиеја. Во екот на платеничката Шарена револуција беа тепани недолжни граѓани на улица, а Заев во еден момент се закани дека е можно и „украинско сценарио во Македонија“.
После неуспехот на сите обиди по насилен пат и без избори да дојде на власт, а соочен со неизбежниот пораз на изборите кои мора да се случат час поскоро, со заканите за физички ликвидации од страна на неговите соработници се чини дека Заев комплетно го изгубил компасот.Како по некое правило, секогаш кога Зоран Заев е „притиснат до ѕид“, бара „излез“ со помош на светот кој го импонира &ndash

Пронајдете не на следниве мрежи: