Култниот Моември повторно во Македонија: Брк по брк за подобро здравје

Моември полека и сигурно прераснува во култна традиција која во текот на ноември го промовира здравјето на мажите низ целиот свет. Целата идеја започнува пред 13 години кога неколку пријатели во Австралија се обложиле да пуштат мустаќи за да соберат средства кои би ги инвестирале во истражувања за болестите кои се специфични кај мажите.Тројца момци ја придвижуваат ова кампања во 2012 година и во Македонија. Филип, Бобан и Божидар првата година го започнуваат меѓусебниот предизвик и ја поттикнуваат јавноста да се приклучи во движењето. На оригинален начин, како сите браќа и сестри „мустактивисти“ од целиот свет, тие сакаат да ги поттикнат луѓето да зборуваат за болестите кај мажите и ги предизвикуваат мажите да пуштат мустаќи со цел да го зголемат општествениот разговор.

Покрај ова, движењето Моември Македонија ги повикува сите “мустактивисти“ и претставниците на медиумите да присуствуваат на забавата во Капитол Мол каде ќе ја имаат можноста да си ги “покажат” мустаќите, да донираат и да бидат информирани за предизвиците врз здравјето со кои се соочуваат мажите, но и да бидат дел од Моемврискиот базар на производи за мажи од спонзорот Biotherm Homme. 
Моември забавата започнува во 21:00 часот во Капитол 4Боулинг на 3 кат во Капитол Мол каде цените на една партија куглање и половина час билјард се симболични 100 денари кои ќе се испратат во Movember фондот.Тројца момци ја придвижуваат ова кампања во 2012 година и во Македонија. Филип, Бобан и Божидар првата година го започнуваат меѓусебниот предизвик

Пронајдете не на следниве мрежи: