Свеста за длабочините и моќта на македонските цивилизациски корени врз коишто израсна и се темели денешна Република Македонија, го определија и патот и програмите на ВМРО-ДПМНЕ. Свесни за мaкедонското и македонската идеја, мегдан за дострел и борба кон новите успеси и афирмирања токму се пронајде во опсегот на културата. Градејќи се како партија која пред се заснова на македонското битие и постоење, со особено внимание се залагаше и се залага кон полето на културата на македонскиот народ. Ја би рекол со цело срце … културата на македонскиот народ била и ќе биде вечна идеологија на ВМРО-ДПМНЕ.Неспоредлив е придонесот на ВМРО-ДПМНЕ за развојот и потикнување на свеста кон културата за разлика од сдсм, кај кои за време на нивното владеење како и да незнаеа за постоењето на овој термин.
Да зборуваме за тоа што се направи ВМРО-ДПМНЕ за културата на македонскиот народ и за тоа се што не направи сдсм за македонската култура и доколку би дошла повторно на власт што не би направила.
Ајде да направиме пресек на работите…
За ВМРО-ДПМНЕ, културата e основна вредност во општеството и претставува стратегиски интерес. Културата се гради континуирано, се потикнува врвното уметничко творештво, се гради систем на културни вредности, се обезбедуваат услови за дистрибуција и рецепција на културните и на уметничките добра, се инвестира во развој на актуелното културно творештво и заштита на културното наследство, како и во промоција на автентичното културно богатство на Република Македонија во државата и во светот. Се реализираат трајни вработувања, се зголемија платите во оваа област и тоа дури за 60 %.
Најударно според мене е тоа што за првпат во историјата на независна Македонија, се изградија нови објекти кои се во функција на остварување на културата. Денес во овие објекти се овозможува продукција и творештво на македоската култура. Да ги споменеме и низата стимулативни мерки во ликовната, музичко-сценската и во издавачката дејност. Потоа, важен е и моментот што од временскиот период на 2008/2009 година се случија најголемите археолошки ископувања кои македонската почва ги немаше почуствувано.
Големите капитални проекти во археолошките ископувања низ целата држава фрлија светлина кон нови моменти од македонската историја.
Од тој поглед се случија и големите конзерваторски зафати на недвижни споменици на културата (манастири, цркви, џамии, стара архитектура, чаршии, тврдини и слично).
Или уште поконкретно еден мал дел од сето ова што го прочитавте значи следново: Изграден и пуштен во употреба Стариот театар во Скопје, изграден и пуштен во употреба објектот „Музеј на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим“, изградба на нов храм и трезор на националното културно наследство – Н.У. Археолошки музеј на Македонија, изграден и пуштен во употреба објектот „Порта Македонија”, превод на „130 тома македонска книжевност“ на англиски јазик, изградба на куќата на родителите на Мустафа Кемал Ататурк, целосно реконструиран Меморијалниот музеј „11 Октомври“ во Прилеп, конзервација и реставрација на Саат-кулата во Прилеп, обнова и дополнување на Музејот во с. Смилево, изградба на Музејот на ВМРО во Ново Село во Штип, целосно обновен Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга, обнова и конзервација на повеќе фасади во Скопје, Битола, Крушево, Кратово и во други значајни градски јадра, адаптација и санација на мултимедијалниот објект (киносала) во Кратово, адаптација и санација на киносалата во културниот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Свети Николе, адаптација на галерискиот простор во Демир Капија, санација и реновирање на библиотеката во Крива Паланка, основање на нова театарска институција Театар „Комедија“ во Скопје, зголемување на буџетот за национална филмска дејност, изградба на Театарот во Велес, ископувања и истражувања на археолошките локалитети Скупи, Стоби, Хераклеја, Билазора, Исар Марвинци, Вардарски Рид, Скопско Кале, Самоилова тврдина, Плаошник и многу други. Сето ова е еден мал дел од направеното во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Да не набројувам уште за каква идна културна преродба станува збор и сѐ што нѐ очекува од она што е започнато во фаза на изградба, реконструкција, дигитализација, печатење и возобновување.
Наспроти оваа светлина во македонската култура, во време на владеењето на сдсм неможеме да препознаеме ништо повеќе освен една длабока културна катастрофа.
Во времето на СДСМ, македонската култура е во хорор издание. Македонската култура беше буквално на маргините на државната политика на сдсм. Едноставно незнам од каде да започнам да зборувам за овој срам…
Да се потсетиме на фактот за дефицитот во културните установи. За тоа дека не се реализираше ниту едно вработување во македонските театри, Музејот на Македонија, Македонската опера и балет, Македонската филхармонија, Заводите и музеите и сл.
Во времето на СДСМ, македонските артисти, уметници и творци не знаеја ништо повеќе од нерегулиран статус, од невалоризацијата на нивниот труд, ниски примања и немањето стимулативни мерки. Уметниците твореа во стари и дотраени објекти, со најниска опрема и технологија, во најсиромашни услови.
Националното културно наследство беше во последен ред.
Во времето на СДСМ се случија и најголемите организирани нелегални ископување на археолошкото богатство а археолошките наоди се движеа во непознат правец.
Период на безидејност, период на затемнување, период на заборавање на македонската култура. Период кога со културата на македонскиот народ управувале соработници на тајни служби, лустрирани и прогласени за кодоши. Период кога се работи кон закривање на културата на македонскиот народ. А доколку би дошле на власт некогаш повторно.. не би работеле на ова прашање… бидејќи им недостига македонското….
Разлика? Па би рекол… зборот разлика е мал збор…. Бидејќи од една страна имаме македонска идеологија, а од друга страна имаме против државни интереси. Од една страна имаме егзактни факти, од друга страна имаме лаги и невистини. Од една страна имаме дела, од другата страна само срам.
Сепак, граѓаните го препознаа сето ова. Затоа и се случуваат овие културни достигнувања. Македонската култура доживува ренесанса, афирмација и препознатливост.
КУЛТУРАТА е мост помеѓу НАРОДИТЕ….. а нашиот мост несомнено го гради ВМРО-ДПМНЕ!
М-р Владимир АтанасовНеспоредлив е придонесот на ВМРО-ДПМНЕ за развојот и потикнување на свеста кон културата за разлика од сдсм, кај кои за време на нивното владеење к