По претходно добиена Наредба за претрес на дом и други простории од судија на претходна постапка, полициски службеници од СВР Куманово вчера во периодот од 20.00 часот до 23.15 часот, извршиле претрес на дом и други простории на лицето И. А. (54) лоцирани во село Режановце, Кумановско при што пронашле и одзеле оружје и муниција, за дел од која не била издадена дозвола за поседување.Како што соопшти МВР, при претресот се пронајдени и со потврди за привремено одземени предмети, одземени се: една некомплетна автоматска пушка без дозвола, една воздушна пушка без кундак калибар 4,5/177 мм – без дозвола, 69 куршуми различен калибар – без дозвола, седум празни патрони за ловечка пушка, три неиспукани патрони за ловечка пушка, едно еднострелно долго огнено оружје со нежлебана цевка калибар 16 ГА во футрола- со дозвола, едно долгострелно репетирачко огнено оружје калибар 8 х 57 мм.- со дозвола, еден пиштол марка ЗАСТАВА без рамка- со дозвола, еден гасен пиштол калибар 9 мм – со дозвола, дозвола за оружје, потврда за пријавено оружје од Д категорија и футрола за пушка.
За претресот и за одземените предмети од лицето И.А. известен е Јавен обвинител по чии инструкции лицето е лишено од слобода и задржано во просториите на СВР Куманово. Предметите за кои постои сомнение дека се предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 396 од Кривичниот Законик на РМ по итна постапка преку ОКТУПА при СВР Куманово ќе бидат доставени на анализа до ОКТИВ при МВР на РМ Скопје.
По инструкции од Јавен обвинител одземените оружја и муниција, за кои лицето И.А. има дозвола и потврда, ќе биде поднесен предлог за поведување управна постапка за трајно одземање на оружје до Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи Куманово.
По целосно документирање на случајот против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“.Како што соопшти МВР, при претресот се пронајдени и со потврди за привремено одземени предмети, одземени се: една некомплетна автоматска пушка без