Кумановка го поседува најголемиот вибратор во Македонија

Најголемиот вибратор кај нас е во рацете на дама од Куманово и тоа долг ни помалку, ни повеќе туку точно 40 сантиметри, така барем тврди Валентина, директорката на секси-шопот “Либидо” и открива дека кај неа влегуваат луѓе од 7 до 77 години. Вели дека не се срами од оваа работа, туку напротив, со гордост кажува дека продава секс-артикли, додавајќи дека би се срамела да има продавница за цигари и алкохол, бидејќи на тој начин би ги труела луѓето и ќе им го скратува животВо денешно време, кога станува збор за секс не се бира ниту време, ниту пак место за да се разговара со пријателите и да се размени некое сексуално искуство. За сексот се интересираат сите, годините не се бариера, што се вели, “секс” кажуваме како добро утро. Додека порано со срам и кришум се отвораа порно-сајтовите на интернет што се броеја на една рака и се читаше Камасутра, еротика и “Вруќи Кај” на свеќа, сега има безброј списанија, интернетски страници, книги кои советуваат како да го збогатите сексуалниот живот, оти монотонијата во сексот е убиец на врската. Помина времето кога мисионерската поза беше врв во сексот меѓу партнерите, новото време донесе нови предизвици, а кога е сексот во прашање, технологијата измисли играчки за возрасни.
Иако не така одамна овие “играчки” можеа да се купат само надвор во земјава, сега секси шоповите кај нас нудат од вибраторчиња, пластични вагини, па се до кукли на дување кои можат да ви заменат партнер од крв и месо.
Последниве години Македонците во секси шоп влегуваат се почесто, секако дека има и такви на кои им е срам и да поминат пред секси-шоп, но и такви кои со задоволство влегуваат и си купуваат она што им треба, за да си ја задоволат сексуална желба.
Директорката на секси-шопот “Либидо”, Валентина вели: “Повозрасните, кои доаѓаат тука купуваат долна облека. Оваа клиентела, која е постојана и многубројна, знае дека само тука може да најде секси, убава, квалитетна долна облека, каква што нема на друго место. Најобемниот дел од клиентелата се луѓе над 30 години, кои редовно си купуваат играчки, протетика, сексуални помагала, за да си го разубават сексуалниот живот”. Таа открива дека нејзиниот дуќан е опремен со 1.500 артикли и дека нема што нема, од козметика, долна облека, играчки, секси подароци, па се до сериозни играчки и помагала.

“Најмладиот купувач што влегол има 18 години. Младите најчесто купуваат подароци од типот на секси сувенири, запалки, сламки во вид на пенис, коцки што наместо бројки имаат пози од Камасутра… Оние што купуваат секс-играчки и помагала благодарение на интернетот точно знаат што да купат и како да го употребат. Единствено не продавам вијагра, тоа е хемија и тоа не ме интересира. Мојата работа ја сфаќам како задоволство и затоа хемијата не ме интересира”, појаснува Валентина.
Задоволна е и од финансискиот бенефит, па се пофали дека некои клиенти знаат да остават и 15.000 денари со едно влегување, но за жал, таквите големи продажби се ретки.Со оглед на тоа дека во соседно Косово нема ниту една продавница од ваков тип, вели дека Косовците им се редовни муштерии, но и лезбијките и геј-двојките.
Откри дека најголемиот пенис од нејзиниот секси-шоп е во рацете на дама од Куманово.
“Постојано со шефот на продажба Милена се расправаме за револуционерни продукти и во една прилика нарачав еден пенис, колку потколеницата на мојот сопруг – 40 сантиметри, а дебел околу 10-15 сантиметри. Со неа буквално водевме дебата, таа беше цврсто убедена дека овој пенис нема да се продаде. А јас, наместо еден, нарачав три кои успешно ми се продадоа. Два надвор од границите на Македонија, односно во Косово, а третиот го купи една кумановка. Од тогаш стално нарачувам, а замислете за овие пениси се интересираше и нашиот најстар клиент кој има околу седумдесетина години”, раскажува Валентина и објаснува дека не се срами од работата, туку напротив, со гордост кажува дека продава секс-артикли.
“Јас би се срамела да имам продавница за цигари и алкохол, бидејќи на тој начин ќе ги трујам луѓето и ќе им го скратувам живот. А сега, во мојата продавница, опремена со секс-помагала, луѓето доаѓаат да си причинат задоволство, радост, да си играат… Замислете, би се убила да продавам вино или цигари”, додава директорката на “Либидо”.
Извор: ВечерВо денешно време, кога станува збор за секс не се бира ниту време, ниту пак место за да се разговара со пријателите и

Пронајдете не на следниве мрежи: