Куманово ќе добие комплетно нов најсовремен Ургентен центар на 750 метри квадратни, што ќе ги обедини интернистичките и хируршките ургентни амбуланти и ќе опслужува регион со околу 200 илјади жители, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.– Станува збор за комплетно нов објект што ќе биде поврзан со Општата болница во Куманово и ќе се состои од приземје и кат. На приземјето е предвидено сместување на итна хируршка амбуланта, соба за дневна болница, две ортопедски амбуланти, гипс сала, анестезиолошка амбуланта и други придружни простории, додека на катот се проектирани две амбуланти за урологија, една просторија за уролошки интервенции, две хронично хируршки амбуланти, една просторија за интервенции и просторија за компјутерска томографија, како и други придружни простории. Тоа значи дека пациентите на исто место ќе можат да ги добијат сите здравствени услуги и целата потребна дијагностика и третман, рече Тодоров.
Посочи дека просториите се проектирани да опслужуваат што е можно повеќе пациенти, така што итната хируршка амбуланата ќе има дневен капацитетот на опслужување до 80 пациенти, додека ортопедските амбуланти и гипс салата ќе можат дневно да опслужуваат и до 50 пациенти.
– Капацитетот на центарот покажува дека бенефит ќе имаат поголем број на пациенти од Куманово и од поширокиот регион, имајќи предвид дека кон Општата болница Куманово гравитираат над 200 илјади жители, рече Тодоров.
Потсети дека постојниот Ургентен центар во Куманово не е функционален и не е направен по сите стандарди и има само еден сегмент, во делот на интернистички амбуланти, што не е доволно за да функционира како ургентен центар.
– Здравствената инфраструктура е еден од носечките столбови за подобро здравство и инвестициите во здравствената инфраструктура се предуслов за подигнување на квалитетот на здравствените услгуги. Во таа насока е и проектот за изградба на Ургентен центар во општата болница во Куманово со што Куманово и целиот регион ќе добие најсовремен ургентен центар по сите стандарди и ќе се овозможи подобрување на квалитетот и пристапот до здравствени услуги, рече Тодоров.
Инвестицијата, продолжи, е предвидена на околу 48 милиони денари и набавката е веќе објавена, а до крајот на ноември очекуваме да се склучи договор и да се отпочне со градежни работи. Градежните работи, согласно договорот, е предвидено да завршат за 15 месеци.
Потсети дека Министерството за здравство моментално инвестира во комплетна реконструкција на болниците во Битола, Прилеп, Велес, Кичево, специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, а во тек се и градежни работи во општата болница во Струмица.– Станува збор за комплетно нов објект што ќе биде поврзан со Општата болница во Куманово и ќе се состои од приземје и кат. На приземјето е п