Куманово вечерва ја проби границата на најзагаден град во Европа. ПМ 10 честичките достигнаа дури 717 милиграми на метар кубен, што претставуваа апсолутен рекорд ако се знае дека за чист воздух се смета 25 до 50 милиграми ПМ 10 честички на метар кубен.Еколошката катастрофа на Куманово продолжува како најзагаден град во државата. Додека кумановчани се трујат, власта на СДСМ не презема буквално ништо веќе 27 години, а згора над тоа лицемерно ја обвинува актуелната власт за состојбата со загадувањето која во другите градови е значително помала од Куманово.
СДСМ ја има апсолутната власт во овој град веќе 27 години, без било каков план и мерки, оставајќи ги Кумановчани да се гушат. Од гасификацијата на Зоран Заев нема ништо, кој во Струмица го продава најскапиот гас во Европа. Го нема ниту Оливер Спасовски, кој со години беше секретар на општина Куманово.
Додека Куманово тивко умира од еколошката катастрофа со најзагаден воздух во Европа, ги нема никаде ниту професионалните платеници од еколошките НВО на СДСМ и Сорос.
Истовремено веќе со години во Куманово во пораст е бројот на лица со малигни заболувања. Во пораст се и другите заболувања како последица на енормното загадување.
Карциномот кој тивко ги убива кумановци, а НВО платениците на СДСМ и Сорос не сакаат да преземат ништо во врска со заштитата на здравјето на жителите на Куманово.Еколошката катастрофа на Куманово продолжува како најзагаден град во државата. Додека кумановчани се трујат, власта на СДСМ не презема буквално ниш